Прејди на содржината

Иво Брнчиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брнчиќ во 1930-тите.

Иво Брнчиќ , роден 12/13 март, 1912 година - Власеница, Босна и Херцеговина, мај 1943), словенечки писател, поет, есеист и литературен критичар со хрватско потекло, едно од најзначајните имиња во словенечката меѓувоена литература и словенечкиот неореализам.

Тој имал хрватско државјанство и се изјаснил за Хрват.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Неговиот татко бил државен службеник и Хрват по националност, додека неговата мајка потекнувала од добро познато, политички левичарско словенечко семејство - нејзиниот брат бил Лојз Крајгер. Негови роднини биле и комунистичките политичари Борис и Сергеј Крајгер. По завршувањето на средното училиште во Љубљана, се запишал на тамошниот универзитет. Подоцна се префрлил на Универзитетот во Загреб, каде што студирал славистика. Поради неговите отворени марксистички ставови, првично не можел да најде работа. Подоцна, заработувал за живот од пишување и преведување.

Во 1940 година, се вработил во основно училиште во Дрниш. Со избувнувањето на Втората светска војна, добил воена регрутација од Хрватската домобраниска гарда, во која бил мобилизиран. Две години подоцна, се обидел да избега и да се засолни кај југословенските партизани. Бил заробен и приведен во Зеница. Откако бил потврден како дезертер, повторно бил мобилизиран во војската на Независната Држава Хрватска. Во мај 1943 година, успеал да избега, но пред да може да се приклучи на партизаните, бил заробен од четниците и убиен во близина на Власеница во источна Босна.

Бил соработник на списанијата Љубљанско звоно, Современа литература. Познати се неговите есеи и критики за современите словенечки, хрватски и српски писатели (Крлежа, Цесарец, Цанкар, Дучиќ итн.), чиј избор постхумно е објавен во книгата Генерација пред затворени врати (Generacija ispred zatvorenih vrata) (195). Пишувал поезија, проза (избор Балади, 1956) и драма Помеѓу четири зида (Izmedju četiri zida, 1955).[2]

Неговата поезија е под влијание на патриотската поезија на Прешерн, експресионистичкиот израз и христијанскиот симболизам.

Наследство

[уреди | уреди извор]

Улици во Љубљана, Марибор и неговото родно место се именувани по Брнчиќ.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Франц Коблар. Словенечка драма. Љубљана: Словенска матица, 1973. стр. 254–256, 283. COBISS 7380481
  1. Katalog Francuske nacionalne knjižnice (француски) Bilješke o osobi: Brnčić, Ivo (1912-1943), catalogue.bnf.fr (pristupljeno 6. siječnja 2018.)
  2. Albahari, Petra; Jug, Mario; Radić, Kristina; Jurmanović, Sanja; Brnčić, Mladen; Brnčić, Suzana Rimac; Vitali Čepo, Dubravka (2018-06). „Characterization of olive pomace extract obtained by cyclodextrin-enhanced pulsed ultrasound assisted extraction“. LWT. 92: 22–31. doi:10.1016/j.lwt.2018.02.011. ISSN 0023-6438. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)