Ивор Амстронг Ричардс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ивор Амстронг Ричардс (26.02.1893, Сендбеч, Чешајр – 07.09.1979, Кембриџ) е влијателен англиски книжевен критичар и реторичар.

Тој се школувал на Клифтон Колеџ, кадешто неговата љубов кон англискиот јазик била поттикната од „кеби“ Спенс. Неговите книги, посебно „Смисла на значењето“, „Принципи на книжевната критика“, „Практична критика“ и „Филозофија на реториката“ се покажале како основни влијанија на „Новата критика“. Концептот на „практична критика“ бил воведен во време на вежбите за ,,блиско читање“ кое се смета за почеток на модерната книжевна критика. Ричардс се смета за еден од основачите на современите студии по англиска книжевност.

Биографија[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Ричардс ја започнал својата кариера без некакво формално познавање на литературата. Тој студирал филозофија („морална наука“) на Универзитетот Кембриџ. Можеби ова довело до едно од неговите тврдења за обликот на книжевните студии во ХХ век - дека книжевните студии не може и не треба да бидат избрани како специјализација, туку место тоа, да бидат изучувани заедно со нивните сродни науки (филозофија, психологија, реторика, итн.)

Најраните предавања на Ричардс биле еквивалентни на она што може да се нарече „соработничко место“; колеџот Магдалена во Кембриџ не сакал да му додели целосна плата на Ричардс да ги предава новите и непроверените области на англиската литература. Наместо тоа, Ричардс ја собирал школарината директно од своите студенти како што влегувале во предавалната секоја недела. Во 1926 тој се оженил со Дорти Пили Ричардс, со која се запознал на планинарски одмор во Велс.

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Животот и влијанието на Ричардс може да бидат поделени на периоди, кои прилично одговараат на неговите интелектуални интереси. За многу од овие достигнувања Ричардс соработувал со Ц.К. Огден.

Соработката со Огден[уреди | уреди извор]

За оценување на работата и биографијата на Ричардс се бара споменување на Ц.К Огден, соработник на три од најважните проекти во животот и работата на Ричардс.

Во „Основи на естетиката“ (автори Ричардс, Огден и Џејмс Вудс) Ричард ги прикажува принципите на естетската рецепција кои лежат во јадрото на неговите книжевни теории (прицнципот на „хармонија“ или рамнотежа на натпреварувачките психолошки импулси). Според овој принцип, структурата на работата (истражување на повеќе дефиниции за поимот „естетика“) ја предоткрива неговата работа на повеќекратни дефиниции во Колериџ за имагинацијата, Основни правила на разумот и Менг за умот.

Во ,,Смислата на значењето: студија за влијанието на јазикот над мислата и за,науката за симболизмот“, Ричардс и Огден ја разработиле тројната теорија на семиотиката, која, во зависност од психолошките теории, го предводи значењето на психологијата во самостojните авторски книжевни критики на Ричардс. Според тоа, многу денешни семиотичари (вклучувајки го Еко) го сметаат ова како голем напредок на бинарната семиотика на Сосир.

Конечно, во дела како што е „Основниот aнглиски речник“ и „Времињата на Индија, водич за основен aнглиски“, Ричардс и Огден го развиле нивниот најпознат меѓународен влијателен проект - Основната англиска програма за развој на меѓународниот јазик со 850 збора. Патувањата на Ричардс, особено во Кина, го направија успешен застапник на оваа меѓународна програма. Во Харвард го направи следниот чекор - интеграција на нови медиуми (особено телевизијата) во неговата меѓународна педагогија.

Теорија[уреди | уреди извор]

Ричардс бил често сметан, или погрешно наведуван како татко на новата критика, главно поради влијанието на првите две негови книги за критичка теорија „Принципи на книжевната критика“ и „Практичната критика“. Принципите биле еден од главните критички пробиви со тоа што нудат триесет и пет остроумни поглавја на разни теми поврзани со книжевната критика, вклучувајќи теми како што се: форма, вредност, ритам, книжевна инфективност, дивергентни читања и верувања. Неговата следна книга „Практична критика“ била исто толку влијателна, колку и емпирските студии на инфериорниот книжевен одговор. Ричардс ги отстранил авторските и содржинските информации од тринаесет песни, вклучувајќи една од Лонгфелоу и четири од маргинални поети. После тој побарал нивна интерпретација од студентите на Кембриџ за да се утврдат најверојатните препреки за адекватен одговор.

Користејќи го овој метод, Ричардс не бил предводник на нова херменевтика. Наместо тоа, тој правел нешто невидено во областа на книжевните проучувања: го испитувал самиот процес со анализирање на интерпретациите на неговите студенти. Создал плодотворни теории за метафората, вредноста, тонот, вообичаениот одговор, започнатата акција, псевдо-изјавата и двосмисленоста. Последното било изложено од Вилијам Емпсон, негов поранешен студент.

Влијание[уреди | уреди извор]

Ричардс бил ментор и учител на други истакнати критичари, од кои најпознати се Вилијам Емпсон и Ф.Р. Левис. Другите критичари биле, пред сè, под влијание на неговите дела (Клинет Брукс и Ален Тејт). Подоцнежните критичари кои го редефинирале формален метод во Нова критика со активно одбивање на неговите психолошки нагласувања, покрај Брукс и Тејт, Џон Кроу Рансом и В.К Вимсат. Блекмур и Мери Кригер, Р.С. Крејн од школата во Чикаго, биле исто така заслужни за теоријата и критиката на психолошките претпоставки на Ричардс. Тие сите ја признале вредноста на неговите идеи, но се обиделе да ги спасат најважните претпоставки кои сметале дека требало да ги има во неговите критики. Како и неговиот ученик Емпсон, Ричардс покажал тежок модел за новокритичарите, а неговиот модел за блиско читање се смета за основен во нивната интерпретативна методологија.