Ивона Јовановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивона Јовановиќ
Животописни податоци
Родено имеИвона Јовановиќ
Роден(а)8 август 1996(1996-08-08)(27 г.)
Куманово, Македонија
Жанровипоп
Занимањапејачка

Ивона Јовановиќ (Куманово, 8 август 1996) — македонска пејачка на поп и рок-музика. Таа учела во средното медицинско училиште во Куманово. Студирала стоматологија, а потоа се префрлила и дипломирала на студии по нутриционизам на ПМФ.[1][2][3]

Ивона Јовановиќ на настап во Куманово во 2019.

Кариера[уреди | уреди извор]

Јовановиќ својата пејачка кариера ја започнува во повеќе музички натпреварувања во Македонија, меѓу кои била дел од Македонски идол и Сите наши песни, а учествува и на српското шоу „Ѕвездите на гранд“.

Во 2018 година со песната „Убав е овој свет“ учествува на музичкиот фестивал „МакФест“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кумановката Ивона Јовановиќ во вториот круг на "Звезде гранда". KumanovoNews. Посетено на 2020-10-31.
  2. „Ivona Jovanović - Takmičari - Zvezde Granda“. Grand Online (српски). Посетено на 2021-02-04.
  3. „Ивона Јовановиќ дипломира два месеца откако го скрати желудникот: Конечно во животот ми тргна на подобро“. Reporter.mk. 2021-11-05. Посетено на 2022-03-18.
  4. „Портфолио на учесникот Ивона Јовановиќ“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2021-01-26.