Ивар Бескостниот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хингвар, името на Ивар напишано во текст од 15 век.[1]

Ивар Бескостниот (старонордиски: Ívarr hinn Beinlausi; Староанглиски: Hyngwar) бил викиншки водач и командант кој ја освоил територијата на денешна Англија. Според Сагата за Рагнар Лодброк, тој бил син на Рагнар Лодброк и Аслауг. Негови браќа биле Убе Рагнарсон, Бјорн Железниот, Хвитсерк, Сигурд Змискоокиот и Халфдан Рагнарсон.

Физички карактеристики[уреди | уреди извор]

Не е познато од каде му доаѓа прекарот, но сепак во сагата е опишан како човек кој нема коски. Се знае дека една болст, наречена „нецелосна остеогенеза“ предизвикува телото да личи дека има нецелосно оформени коски, затоа што телото и екстремитетите можат да се виткаат надвор од границите на нормалното. Оваа болест била позната во времето на Стара Грција и Стар Рим. Од друга страна, можно е да боледувал од синдромот кој денес е познат како Елерс-Данлос (EDS), кој предизвикува преголема свитлисвост на делови од телото.

Според Сагата за Рагнар Лодброк, бескостноста на Ивар била резултат на клетва. Неговата мајка Аслауг, која била четврта жена на Рагнар, сметала дека со мажот треба да чекаат три ноќи пред да бидат интимни. Но Рагнар го ззафатила таква страст што не можел да чека, ниту го испочитувал барањето на Аслауг. Проклетството што ги снашло, било тоа што Ивар ссе родил со слаби коски.[2]

Според друга теорија, Ивар бил познат според прекарот „Омразениот“, на латински „Exosus“. Средновековен писар, кој не го знаел доволно латинскиот јазик, ова го пренесол како: ex (без) os (коски), па оттаму „Бескостниот“,[3] но оваа теорија не се совпаѓа со преводот на неговиот прекар споменат во нордиските извори.[2]

Во сагите Ивар е опишан со физичка попреченост, но исто така е опишан и како мудар, итар и мајстор за стратегија и тактика во битките.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hervey, Francis (1907). Corolla Sancti Eadmundi = The garland of Saint Edmund, king and martyr. London: John Murray. https://archive.org/details/corollasanctiead00hervuoft. 
  2. 2,0 2,1 Baker, Mick. „Anglo-Saxon Britain: In the Footsteps of Ivarr the Boneless“. The History Files. конс. 1 September 2016. 
  3. Ferguson, Robert (2009). The hammer and the cross: a new history of the Vikings. London: Allan Lane. ISBN 0713997885. OCLC 609990781. 
  4. Mahoney, Mike. „Ivar the Boneless“. www.englishmonarchs.co.uk. конс. 2017-04-14.