Иварчко Езеро
Изглед

Иварчко Езеро — природно езеро во подножјето на Уршље Гора, во општина Равне на Корушка, Словенија.
Езерото се наоѓа во близина на селото Котље, на надморска височина од 633 метри. Се наоѓа во подножјето на Уршље Гора, во близина на долната точка на жичарницата, ски-центарот Ошвен. Површината на езерото е 1200 хектари, а максималната длабочина достигнува 5 м. Околу езерото порано имало убаво уреден рекреативен комплекс за разни спортови, како и базен со плажа. Денес, поради неодржување комплексот е во лоша состојба.
Во близина на езерото се наоѓа поранешниот бањски комплекс, Римски Врелец, познат по својата кисела вода.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Иварчко Езеро на веб-страницата kotlje.si