Иван Пирис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Парагвај Иван Пирис
Iván Rodrigo Piris.jpg
Лични податоци
Роден на 10 март 1989 (1989-03-10) (воз. 28 г.)
Роден во Асунсион, Парагвај
Висина &100000000000001730000001,73 м
Клупски податоци
Сегашен клуб Монтереј Монтереј
Број 4
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 Серо Портењо Серо Портењо 41 (1)
2011- Деpортиво Малдонадо Депортиво Малдонадо 0 (0)
2011–2012 Сао Пауло Сао Пауло 20 (1)
2012-2013 Рома Рома 29 (0)
2013-2014 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 19 (0)
2014-2016 Удинезе Удинезе 58 (0)
2016- Монтереј Монтереј 17 (0)
Репрезентација
2011- Парагвај Парагвај 21 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Иван Родриго Пирис (роден на 10 Март, 1989 година) е парагвајски фудбалер, играч од одбраната на Монтереј и на парагвајската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Серо Портењо[уреди | уреди извор]

Пирис помина 3 години како фудбалер на парагвајскиот гигант Серо Портењо, играјќи особено голема улога на патот на клубот кон полуфиналето на Копа Либертадорес 2011. Неговите импресивни перформанси привлекоа интерест за него од голем број на други клубови во светот, по што веднаш стана јасно дека ќе биде малку веројатно тој да остане во Серо Портењо. Пирис на крајот потпиша за бразилскиот клуб Сао Паоло за наводна сума од 2.000.000 €. Сепак, Сао Паоло купи дел од економските права на Пирис како и регистрација тој да може да игра за клубот за таа сезона, а другите права останаа во сопственост на прокси клубот Депортиво Малдонадо. Пирис потпишал за Сао Паоло на 19 јули 2011 година на 2-годишениот договор за заем.

Сао Паоло[уреди | уреди извор]

Пирис им се придружи на неговите нови тимски колеги по Копа Америка 2011. Веднаш по трансферот потпретседателот на Сао Паоло зборуваше за неговата радост по потпишувањето на договорот со Пирис: "Веќе неколку месеци работиме тивко на доведувањето на овој играч и да се види дека работата е завршена успешно нè прави многу среќни", изјави тој за официјалната веб страница на клубот. "Пирис е млад спортист кој има многу потенцијал. Тој дефинитивно ќе додаде одличен квалитет на нашата група." Својот прв погодок за тимот Пирис го постигна на 17 септември 2011 против екипата на Сеара, стрелајќи прецизно на минута пред крајот на првото полувреме во победата дома на неговиот клуб со 4-0.

Рома[уреди | уреди извор]

На 1 август 2012 година, Пирис замина на заем во италијанскиот тим Рома за сума од 0.700.000 €, со опција за откупување комплетно на неговите права по крајот на сезоната 2012-2013 сезона за 4.000.000 €. Своето деби за Рома го направи во првото коло на Серија А против Катанија во натпревар што заврши без победник 2-2.

Титули[уреди | уреди извор]

Парагвај Серо Портењо[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]