Иван Пендаровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ivan Dukov Pendarski Galichnik.jpg
Роден 1863
Галичник, Македонија
Починал 1917
 ?


Иван Дуков Пендаровски или Пендарски ( 1863, Галичник - починал во 1917) — македонски револуционер и дебарски војвода на ВМОРО.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Дуков

Иван Пендаровски е роден во Галичник во 1863 година, по занимање бил овчар.[1]

Во август 1902 година по наредба на Централниот комитет, заминал за Софија со другарите Трајче Атанасов (од Галичник) и врховистот Владимир Милчин(ов) (од Прилеп. Подоцна преку Србија, Австрија и оттаму во Албанија се вратиле во Галичкиот крај за да бидат од помош на ВМРО при борбите.

Предадени на османлиските власти од непознато лице, во Тирана биле затворени и ставени во тешки пранги.[2] Потоа биле испратени со силно обезбедување во битолскиот затвор. Таму Иван Дуков останал цели три години, по што бил пуштен на слобода. По Илинденското востание, како војвода бил на услуга на галичко-реканската револуционерна организација. Починал во 1917 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Реканско-галички војводи, превземено од http://mn.mk на 31.07.2012 г.
  2. Трайчевъ, Георги (1941). Книга за мияцитѣ (Историко-географски очеркъ). София: Македонска библиотека № 12, Печатница П. Глушковъ. стр. 150. http://www.strumski.com/books/%D0%9C%D0%B8%D1%8F%D1%86%D0%B8.pdf. посет. 11 мај 2015 г. 
  3. Борис Николов: Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, стр. 126, Софија, 2001 г.