Иван Настевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Настевски (роден на 30 јули 1991 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред.[1]


Кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера Настевски ја започнал во редовите на Ф.К Македонија Ѓорче Петров каде настапува за младинските категории. За првиот состав на овој тим, тој настапува 13 пати во сезоната 2009-2010 и постигнува 2 гола.

Во сезоната 2010-2011 тој настапил за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и во 38 настапи постигнува 5 гола.

Во новата сезона 2011-2012 тој преминал во редовите на скопскиот тим на Ф.К Работнички каде забележува значајни настапи во квалификациите на овој тим за поголемите европски првентства.

Во март 2012 година, Иван Настевски потпишал договор со корејски Ф.К Сеул за кој ќе почне да настапува во новата сезона[2].

Наводи[уреди | уреди извор]