Прејди на содржината

Иван Кујунџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Кујунџиев (во Неврокоп 1923 во близина на Софија ) — македонски револуционер.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

После извршениот деветтојунски вооружен ноќен преврат изведен под директиви на Царот Борис III,[2] од страна на организацијата на офицерите "Воениот сојуз" со учество и на ВМРО Автономистичка предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров,[3][4] четниците на Тодор Александров од полицијата имале дозвола кого сакаат да вадат од затвор, а при тоа ги ликвидирале на непознати места. Во издавањето на овие наредби главно учество земал зетот на Тодор Александров - Михаил Монев (кого Македонците го нарекувале „Црниот Монев“), тутунскиот трговец од Неврокоп Стојан Филипов, како и Анго Попов (наречен „делибаша“) кој бил назначен за пунктов началник на ВМРО (Автономистичка) за Пловдив.[1]

Летото 1923 година, деветтојунските власти го извадиле од затвор Иван Кујунџиев и им го предале на царските автономисти.[б 1] Тие го однеле во непознат правец и го убиле, бидејќи им го оспорувал правото на царските луѓе да се служат со името на ВМРО.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
    1. 1 2 3 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 335.
    2. Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 182.
    3. Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 183.
    4. РИСТИЋ, Иван (2019). Годишњак Педагошког факултета у Врању, књига IX, 2/2018 - „ПЕЋИНА РАЗБОЈНИКА И УЗУРПАТОРА…“: БУГАРСКА И БУГАРИ У СРПСКОЈ ЈАВНОСТИ (1923–1925) (PDF). стр. 127.
    1. Се мисли на ВМРО Автономистичка, организацијата предводена од Тодор Александров.
    Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.