Иван Грохар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Грохар
Ivan Grohar (2).jpg
Роден 15 јуни 1867
Долна Сорица, Австроунгарија
Починал 19 април 1911
Љубљана, Австроунгарија
Националност Словенец
Занимање сликар


Иван Гохар: Брна од 1899
Иван Грохар: Сејач. Мотив од 1907, користен и како илистрација за Словенечки мотиви на еврото

Иван Грохар (15 јуни 1867, Долна Сорица - 19 април 1911, Љубљанасловенечки импресионистички сликар. Заедно со Рихард Јакопич, Матеј Стернен и Матија Јама, се смета за една од водечките фигури на словенечкиот импресионизам. Тој бил познат по неговите пејзажи и портрети. Бил познат гитарист и пејач[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Грохар е роден во Горна Карниола, село Долна Сорица, тогаш дел од Австроунгарската Империја. Уште од рана возраст покажал интерес за сликарството, но не можел да го развие својот талент затоа што бил сирак и живеел во сиромаштија. Во 1888 година, локалниот викар Антон Јамник му испратил изложба во блискиот град Шкофја Лока, овозможувајќи му да го помине летото работејќи во градот Крањ под надзор на црковниот сликар Матија Брадаш. Тој исто така отпатувал за Загреб, каде работел во студиото на Спиридион Миланеси, сè додека не бил регрутиран во Австроунгарската армија.

Школувањето го завршил во Грац, 1894 година. Во август 1896 година го отворил сопственото ателје во Шкофја Лока. Работел и во Минхен, каде што учествувал во студиото на Антон Ажбе. Есента 1900 година, тој учествувал на првата изложба на словенечките уметници, организирана од Словенечкото уметничко здружение (Словенечко уметничко друштво, СУД).

Во 1904 година, словенечките импресионисти Рихард Јакопич, Матеј Стернен, Матија Јама и самиот Иван Грохар, ја приредиле историската изложба во галеријата Митеке во Виена како уметнички клуб „Сава“. Тука се промовирале како словенечки импресионисти, кои подоцна ќе извршат важна улога во развојот на современата уметност во Средна Европа.

Починал релативно млад од туберколоза.

Тој оставил зад себе низа непроценливи уметнички дела.

Грохар ја започнал својата кариера како сликар на религиозни сцени, но ја продолжил како реалист. Бил под влијание на Џовани Сегантини. Од летото 1900 година, тој започнал да слика симболични елементи, но подоцна го прифатил импресионизмот.

Во 1926 година била одржана монографска изложба во негова чест. Тој имал големо влијание врз подоцнежните уметници а неговата слика Сејач е една од најоснованите и најкарактеристични словенечки слики, симбол на културната транзиција на Словенците од рурална во урбана култура[2].

Поважни дела[уреди | уреди извор]

  • Брна (1899)[3]
  • Срцето Исусово (1900)
  • Под Копривник (1902)
  • Рафоличко поле (1903)
  • Пролет (1903)
  • Мецесен (1904)
  • Шкофја Лока во снег (1905)
  • Сејач (1907)
  • Компир (1909/1910)
  • Маж со воз (1910)
  • Шредник (1910)

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]