Иван Вукомановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Иван Вукомановиќ (роден на 19 јуни 1977 година) е професионален српски фудбалски тренер и поранешен играч. Моментално е актуелен тренер на индискиот суперлигашки клуб Керала Бластерс.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Обилиќ

Вукомановиќ додека настапувал како играч играл на позицијaта кaко дефанзивец. Понекогаш бил користен и како дефанзивен играч за врска. Својата професионална кариера ја започнал во српскиот клуб ФК Слобода од Ужице. Вукомановиќ подоцна играл и за екипата на Обилиќ, каде ја освоил титулата во Првата лига на СР Југославија во периодот на сезоната 1997-98 година. Вукомановиќ подоцна се преселил во екипата на Бордо од француската Лига 1. Со францускиот клуб ја освоил француската дивизија 1 во сезоната 1998–99. Во текот на неговата кариера, тој настапувал за неколку клубови од највисоките нивоа, меѓу кои за српската екипа на Црвена ѕвезда од Белград, бундеслигашката екипа на ФК Келн, белгискиот состав на Ројал Антверпен ФК и рускиот клуб ФК Динамо од Москва. Со екипата на Црвена ѕвезда од Белград тој ги освоил сезоните 1999-2000 и 2000-01 од Првата лига на СР Југославија заедно со Купот на СР Југославија во 2000 година. Вукомановиќ целосно се повлекол од професионалниот фудбал во 2011 година на 34-годишна возраст. На национално ниво, тој ја претставувал репрезентацијата на СР Југославија.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Стандард од Лиеж[уреди | уреди извор]

Вукомановиќ ја започнал својата тренерска кариера во белгискиот клуб на Стандард од Лиеж, каде му асистирал на тренерот на Гај Лузон во сезоната на 2013-14. [1] За тоа време, екипата на Лиеж настапувала во Лигата на Европа откако ги победила сите натпревари во квалификациските фази. По заминувањето на тренерот Лузон во месец октомври 2014 година, Вукомановиќ ја преземал одговорноста како главен тренер на екипата на Стандард од Лиеж. [2] Неговиот прв натпревар во историјата како главен тренер бил против шпанскиот гигант Севиља во Лига Европа. Тој натпревар завршил со нерешен резултат без голови. Под негово раководство како тренер, екипата на Стандард Лиеж собрала 28 од можни 39 бодови во лигата. Во месец февруари, на средината на сезоната во 2015 година, и покрај тоа што постигнувал добри резултати во клубот, сепак бил заменет со тренерот Хозе Рига. Било наведено дека тој имал недостаток на искуство како главен тренер. [3] Му била понудена улогата на помошник тренер во екипата на Рига, на што тој одговорил; „Да ми предложите да останам во стручниот штаб, тоа би било само политичка и коректна одлука кон играчите и кон симпатизерите. Можев да бидам несериозен и да кажам да. Потчукнете ја екипата на Рига по рамото и потоа не правете ништо, но јас не сум таков. Јас сум директна и искрена личност. Затоа решив сепак да го напуштам клубот на Стандард.“ [4]

Слован од Братислава[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, Вукомановиќ бил назначен за тренер на словачкиот Суперлигаш Слован од Братислава. [5] Под негово раководство, клубот завршил на второто место во лигата на крајот на сезоната. Неговата прва титула како тренер во новиот клуб пристигнала во 2017 година, кога го предводел составот на Слован од Братислава до титулата во Словачкиот куп 2017-18. Вукомановиќ имал пристојна втора сезона на екипата на Слован од Братислава. Со само пет порази од вкупно 22 натпревари, на 28 октомври 2017 година, тој се разделил од клубот по нерешениот натпревар против екипата на ФК Сеница. [6]

Аполон од Лимасол[уреди | уреди извор]

По двегодишна пауза, во месец септември 2019 година Иван Вукомановиќ се вратил на тренерската работа, потпишувајќи со клубот од кипарската прва лига Аполон од Лимасол како привремен тренер. Екипата на Аполон ја водел на вкупно 4 натпревари. [7]

Керала Бластерс[уреди | уреди извор]

На 17 јуни 2021 година, клубот на Керала Бластерс објавил дека Иван Вукомановиќ бил назначен за нов тренер на екипата од индиската Суперлига. Тоа се случило пред почетокот на сезоната 2021–22. [8] [9] Под водство на Вукомановиќ, на 11 септември 2021 година екипата на Керала Бластерс го добила својот прв натпревар во сезоната во натпреварот од Купот Дуранд 2021 година против составот на Индиската морнарица со резултат од 0:1. [10] Неговиот прв натпревар во индиската Супер лига како тренер на клубот Керала Бластерс бил на 19 ноември 2021 година и завршил со пораз од 4:2 од екипата на АТК Мохун Баган ФК. [11] [12] Наредните два натпревари екипата на Бластерс ги одиграла со нерешен резултат и тоа против екипите на ФК Североисточен Јунајтед и ФК Бенгалуру. [13] На 5 декември екипата на Вукомановиќ, Бластерс ја забележала својата прва победа во лигата кога го совладала составот на ФК Одиша со резултат од 2:1. [14] Тоа бил првата победа за клубот на Керала Бластерс во индиската Супер лига по цели 11 месеци. [15] Подоцна составот на „Бластерс“ победил на два последователни натпревари, против бранителот на титулата ФК Мумбаи Сити и против ривалот ФК Ченаијин. [16]По тие победи екипата стигнала до 4 место на табелата. [17] [18] Серијата без пораз на екипата на „Бластерс“ под водство на Вукомановиќ продолжила. Поради добрите резултати екипата стигнала до првото место на табелата по пауза од цели 8 години. На 9 јануари 2022 година со резултат од 1:0 неговиот клуб ја победил екипата на Хајдерабад. [19]

Признанија[уреди | уреди извор]

Натпреварувачки признанија[уреди | уреди извор]

Обилиќ

  • Освоена е Првата лига на СР Југославија: 1997–98

Црвена ѕвезда од Белград

  • Освоена е Првата лига на СР Југославија: 1999–2000, 2000–01
  • Освоен е Купот на СР Југославија: 1999–2000 година

Бордо

Тренерски признанија[уреди | уреди извор]

Слован Братислава

  • Освоен е Купот на Словачка: 2017–18 [20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Guy LUZON et son staff“ (француски). standard.be. 17 June 2013. Архивирано од изворникот на 7 April 2017. Посетено на 6 April 2017.
  2. „Un nouveau challenge pour Ivan VUKOMANOVIC“ (француски). standard.be. 5 November 2014. Архивирано од изворникот на 7 April 2017. Посетено на 6 April 2017.
  3. „José RIGA“ (француски). standard.be. 2 February 2015. Архивирано од изворникот на 7 April 2017. Посетено на 6 April 2017.
  4. „ISL: Who is Ivan Vukomanovic - Kerala Blasters' new coach? | Goal.com“. www.goal.com. Архивирано од изворникот на 9 June 2021. Посетено на 2021-06-17.
  5. „Z Cypru na Balkán. Slovan povedie mladý Srb Ivan Vukomanovič“. futbal.pravda.sk (Slovak). 18 August 2016. Архивирано од изворникот на 4 June 2021. Посетено на 4 June 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Slovan dokonal výmenu trénerov: Vukomanovič dostal padáka! Toto je náhrada“ (Slovak). 30 October 2017. Архивирано од изворникот на 5 June 2021. Посетено на 4 June 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „SRBI NA KIPRU: Vukomanović i Radenković preuzeli Apolon“ (Bosnian). 9 September 2019. Архивирано од изворникот на 4 June 2021. Посетено на 4 June 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Kerala Blasters get new head coach as Serbian Ivan Vukomanovic takes up hot seat“. The New Indian Express. Архивирано од изворникот на 18 June 2021. Посетено на 2021-06-17.
  9. „Ivan Vukomanovic joins Kerala Blasters as the new head coach“. IFTWC (англиски). Архивирано од изворникот на 17 June 2021. Посетено на 2021-06-17.
  10. „Durand Cup 2021: Adrian Luna Penalty Ensures Maiden Win for Kerala Blasters on Debut against Indian Navy“. News18 (англиски). 2021-09-11. Посетено на 2021-12-22.
  11. „Indian Super League: ATK Mohun Bagan begin with a bang, beat Kerala Blasters 4-2“. www.telegraphindia.com. Посетено на 2021-12-23.
  12. Desk, India com Sports. „ISL: Hugo Boumous Stars in ATK Mohun Bagan 4-2 Win Over Kerala Blasters in Season Opener“. www.india.com (англиски). Посетено на 2021-12-23.
  13. „ISL 2021-22: Kerala Blasters beat Odisha FC 2-1“. Mathrubhumi (англиски). Посетено на 2021-12-23.
  14. „We have to stay humble and continue to work hard: Ivan Vukomanovic“. Indian Super League (англиски). Посетено на 2021-12-23.
  15. „Kerala Blasters record first win, beat Odisha FC 2-1“. The Indian Express (англиски). 2021-12-05. Посетено на 2021-12-23.
  16. Bureau, Sports (2021-12-22). „ISL | Clinical Blasters blow away CFC“. The Hindu (англиски). ISSN 0971-751X. Посетено на 2021-12-23.
  17. Kumar, P. K. Ajith. „ISL 2021-22: Diaz, Sahal and Luna goals guide Kerala Blasters to 3-0 win against Chennaiyin FC“. Sportstar (англиски). Посетено на 2021-12-23.
  18. „ISL 2021-22: Kerala Blasters sweep aside Chennaiyin FC 3-0 to cruise into top-four-Sports News, Firstpost“. Firstpost (англиски). 2021-12-22. Посетено на 2021-12-23.
  19. „ISL 2021-22: Kerala Blasters end Hyderabad FC's unbeaten run to move top of the table“. Olympics.com. Посетено на 2022-01-11.
  20. „Girondins de Bordeaux 1998-99“. bdfutbol.com. Архивирано од изворникот на 21 July 2019. Посетено на 8 January 2020.

27. https://malayalam.samayam.com/sports/football/indian-super-league/ivan-vukomanovic-speaks-about-his-future-with-kerala-blasters/articleshow/88915064.cms

Надворешни врски[уреди | уреди извор]