Иван Василевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1 јуни 1928
Скопје,  Кралство Југославија
Починал 28 март 2015
Струмица, Македонија Македонија
Занимање писател и новинар


Иван Василевски е македонски поет, романописец и новинар.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Василевски е роден во с. Босилово, Струмичко на 10 септември 1947 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како новинар во Македонското радио. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1991 година. Во 2008 година, ја добил наградата Ацо Шопов (награда), за Утки. [2]

За поемата "Азбукословецот", на традиционалната манифестација "Прличеви беседи", во февруари 2014 година, Василевски ја добил наградата "Григор Прличев", која се доделува за најдобра поема.[3] Починал на 28 март 2015 во Струмица.[4]

Творештво[уреди | уреди извор]

Автор е на книгите:

  • Привев во тишината (поезија, 1977),
  • Антон Хлебец (роман, 1985),
  • Црнорисци (поезија, 1990),
  • Куќа на ѕвездите (поезија, 1994)
  • Азбукословецот (поема, 2013).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 50.
  2. ВАСИЛЕВСКИ И УРОШЕВИЌ ЛАУРЕАТИ НА НАГРАДИТЕ „АЦО ШОПОВ“ И „СТАЛЕ ПОПОВ“
  3. "Врачена наградата "Григор Прличев" на Иван Василевски", Дневник, година XVIII, број 5385, петок, 7 февруари 2014, стр. 21.
  4. Почина писателот Иван Василевски