Иван Божинов
Иван Кузманов Божинов — македонски национален деец, писател, поет, издавач и печатар. Имал печатници во Софија и неколку други околни градови, па пишувал и издавал на тамошниот официјален бугарски, но и на македонски јазик.
Иван Божинов е роден во 1867 година во градот Дебар. По Руско-турската војна се преселил во Видин, северозападна Бугарија. Својата прва печатница ја отворил во градот Лом, а потоа отворил и одграноци во Орјахово и Видин. Во печатниците се печатени весниците „Глас македонски" (1893-1898), „Вардар" (1898), „Автономија" (1898-1902), „Борба за слобода на Македонија и Адријанопол" (1899), „Дело" (1901-1902) и многу други.[1]
Списанието „Лоза“
[уреди | уреди извор]Од 1892 - 1894, Божинов бил издавач и уредник на списанието „Лоза“, на чиишто страници се појавуваат повеќе истакнати имиња од македонското револуционерно движење и коешто ја вознемири бугарската јавност со прикриените обиди и заложби за македонски јазичен и национален сепаратизам.[2]
По обидот за афирмација на македонскиот јазик, бугарските власти во 1892 го забраниле списанието „Лоза“. Под закана за затворање на печатниците, па и затвор, во списанијата издавани потоа, Божинов и сите други Македонци во Софија мораат да ги користат додавките „бугари“, „бугарско“… Тоа е всушност и основата на бугарската иредентистичка пропаганда во пишаните медиуми тогаш.
Општествена, издавачка и револуционерна дејност
[уреди | уреди извор]Неговиот современик, истакнатиот македонски национален деец Исаија Мажовски вели дека Божинов учествува во Македонското револуционерно движење уште од 1887. За него, тој ќе рече дека е
- „голем македонски патриот и деец, виден книжевник и борец за македонската слобода, и независност“.[3]
Во 1897 година Божинов бил делегат на Четвртиот македонски конгрес на ВМОК во Бургас, а во 1899. учествува и на Шестиот македонски конгрес.
Во 1903 година ја издал својата „Народна песнопојка“, збирка од 425 песни - војнички, јуначки, народни, старонародни, љубовни, ороводни, смешни и разни други. Во книгата тој за себе вели дека е „дебранец по потекло“, натаму - и „издавач, печатар, главен уредник на „Лоза“ и автор на повеќе книги поезија“.
По Втората балканска војна во 1913 година, Македонија е поделена меѓу Србија, Грција и Бугарија, а во 1914 година, Божинов ја напишал брошурата „Стремежите на руската дипломатија".
Во 1915 година, за време на Првата светска војна, бугарските власти, заради популизам, т.е. за да ги придобијат дебрани, го назначиле Божинов за градоначалник на Дебар. По војната, тој се вратил во Бугарија.
Последните години од животот
[уреди | уреди извор]Според Мажовски, Божинов во 1923, ја прославил 40-годишнината од почетокот на својата книжевна дејност.
Иван Божинов починал во 1927 година во Софија.
наводи
[уреди | уреди извор]
|