Иван Апостолов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1847
Куманич, Неврокопско
Починал 1926
Долна Бања, Бугарија

Иван Апостолов, наречен Копаран Чауш или Даскалот (1847-1926) — македонски револуционер, и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Апостолов бил роден во 1847 година, во Куманич, Неврокопско, Пиринска Македонија. Учествувал како доброволец во Руско-турската војна во 1877 и 1878 година. Дејствувал во Кресненско, Пиринска Македонија. Бил уапсен од турската власт и осуден на доживотен затвор. За издржување на казната бил испратен на островот Родос, Грција. По амнестирањето во 1897 година се вратил во родниот крај, каде бил назначен за учител.

Учествувал во Илинденското востание, и учествувал во неколку судири со турската војска во Неврокопско. По востанието, станал комита во четата на војводата Атанас Тешовалијата.

Починал во Долна Бања, Бугарија, во 1926 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11 и 12