Прејди на содржината

Иван Јанески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Јанески
Роден 1915 година
Бигор Доленци
Починал 22 јули 1944 година
Локов / Буринец, слободна територија на НОВ
Народност Македонец

Иван Јанев Јанески ( 1915 во Бигор Доленци22 јули 1944 во близина на Буринец и Локов) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик за загинатите борци во НОВ, кои загинале сите заедно, меѓу кои ѝ Иван Јанески.

Животопис

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, започнал да го изучува механичарскиот занает. Како металски работник, тој имал можност да го согледа тешкиот живот, а подоцна ѝ намерите на окупаторот, поради што се определил за борба против него. Во текот на 1943 година станал член на СКОЈ и им се приклучил на борците од Групата баталјони. Станал командир на вод, а бил ѝ инструктор. Во 1944 година над селата Локов и Буринец, несреќно загинал заедно со комесарот Коле Канински ѝ уште тројца други соборци, испробувајќи минофрлач.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 66.