Ивана Шпановиќ
![]() Шпановиќ на Светското првенство во сала 2014 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | ![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 10 мај 1990 Зрењанин, СР Србија, Југославија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,75||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 63 kg (139 lb) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Скок во далечина | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Ивана Шпановиќ (родена на 10 мај 1990) е српска атлетичарка која се натпреварува во дисциплината скок во далечина. Таа е моментален европски шампион во сала во својата дисциплина.
Во 2013 година, таа станала првата српска атлетичарка која освоила медал на Светско првенство. Таа е сопственик на српските рекорди во дисциплините: скок во далечина (на отворено и во сала), 60 метри во сала и седмобој.
Шпановиќ е актуелна европска шампионка од првенствата на отворено и во сала. Нејзин тренер е Горан Обрадовиќ и таа е член на атлетскиот клуб Војводина од Нови Сад.[1]
Кариера[уреди | уреди извор]
Првиот медал во кариерата Шпановиќ го освоила на Светското кадетско првенство во 2007, каде со прескокнати 6.41 метри го освоила сребрениот медал. На Светското јуниорско првенство во 2008, таа го освоила златниот медал откако успеала да прескокне 6.61 метри, а веќе следната година се закитила и со златниот медал на Летната универзијада која се одржала во Белград. Шпановиќ исто така била успешна и на Европското јуниорско првенство кое се одржало во Нови Сад, на кое таа успеала да го подобри својот личен рекорд на 6.71 метри со што го освоила сребрениот медал.
На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Шпановиќ успеала да се пласира во финалето во дисцииплината скок во далечина, но во него завршила на последното 11. место.
Во 2013, таа настапила на Европското првенство во сала и завршила на петтото место. На Светското првенство 2013 таа го остварила најдобриот резултат во кариерата дотогаш, освојувајќи бронзен медал со нов државен рекорд од 6.82 метри. Олимпискиот комитет на Србија поради одличниот резултат ја прогласил Шпановиќ за спортистка на годината.
Одличните резултати Шпановиќ ги продолжила на Светското првенство во сала 2014 каде го освоила бронзениот медал. На Европското првенство 2014 таа прескокнала 6.81 метри со што го освоила сребрениот медал. Таа исто така остварила нов личен најдобар резултат од 6.88 метри на митингот од дијамантската лига во Јуџин.
Во 2015 година, таа го освоила својот прв сениорски златен медал, на Европското првенство во сала 2015, во Прага, прескокнувајќи нов државен рекорд од 6.98 метри. На Светското првенство 2015, таа го освоила бронзениот медал постигнувајќи нов сопствен и државен рекорд од 7.02 метри.
Во 2016 година, во текот на сезоната во сала, Шпановиќ го освоила сребрениот медал на Светското првенство во сала подобрувајќи го својот државен рекорд двапати, 7.00 (во првата серија) и 7.07 (во петтата серија). Таа константно била во водство во сите серии на скокови но го загубила златниот медал во шестата серија на скокови кога американката Бритни Рис прескокнала 7.22 метри. Во сезоната на отворено, Шпановиќ најпрво го освоила златниот медал на Европското првенство со прескокнати 6.94 метри, а потоа на Летните олимписки игри 2016 го освоила бронзениот медал со нов државен рекорд од 7.08 метри. Овој медал бил прв медал за Србија во атлетика по шеесет години.
Во 2017 година, таа го освоила златниот медал на Европското првенство во Белград, прескокнувајќи 7.24 метри, скок кој е трет најдолг во историјата на дисциплината, и најдобар во последните 28 години.[2]
Лични рекорди[уреди | уреди извор]
На отворено[уреди | уреди извор]
Дисциплина | Резултат | Датум | Место | Рекорд |
---|---|---|---|---|
100 метри | 11.90 | 14 јуни 2014 | ![]() |
|
Скок во далечина | 7.02 м | 11 септември 2016 | ![]() |
ДР |
Трискок | 13.78 м | 14 јуни 2014 | ![]() |
Во сала[уреди | уреди извор]
Дисциплина | Резултат | Датум | Место | Рекорд |
---|---|---|---|---|
60 метри | 7.31 | 31 јануари 2015 | ![]() |
ДР |
Скок во далечина | 7.24 м | 5 март 2017 | ![]() |
ДР |
Седмобој | 4240 бода | 19 јануари 2013 | ![]() |
ДР |
- Појаснување: ДР - Државен рекорд
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „AK Vojvodina - O klubu“. AK Vojvosina (српски). 2015-04-10. Архивирано од изворникот на 2017-01-22. Посетено на 10 April 2015.
- ↑ ВИДЕО: Шпановиќ со историски скок од 7.24 метри го одбрани златото од Прага 5 март 2017; gol.mk
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Ивана Шпановиќ“ на Ризницата ? |
Награди | ||
---|---|---|
Претходник Милан Мачван |
Најдобра млада спортистка на Србија 2008 |
Наследник Татјана Јелача |
Претходник Милица Мандиќ |
Српска спортистка на годината 2013 |
Наследник Николина Молдован |