Ивана Рожман

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ивана Рожман (родена на 14 јули 1989 во Скопје) — македонска атлетичарка која се натпреварува во трката на 100 m. Нејзиниот личен рекорд изнесува 12,01 и е постигнат во 2011 година.

Таа настапи за Македонија на Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг во трката на 100 m со време од 12,92s. На Светското првенство во 2009 година постигна време од 12,60, а на Европското првенство во 2010, време од 12,90.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]