Ивана Димиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ивана Димиќ (српски: Ивана Димић; 1957, Белград) - српска писателка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ивана Димиќ е родена во Белград, во 1957 година. Таа работи како самостоен драматург во повеќе белградски театри, а претходно била и помошник на министерот за култура, директорка на драмата при Народниот театар и директорка на „Ателје 212“. Во 2001 година станала членка на Српското книжевно друштво, а од 2005 година има статус на истакнат уметник. Димиќ живее и работи во Белград.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Димиќ е авторка на бројни кратки раскази, драми, драматизации и телевизиски сценарија. Исто така, таа преведува од англиски и од француски јазик. Таа е автор на следниве збирки раскази:[1]

  • „Црн зеленчук“ (1995)
  • „Селски тутун, мастило и маж“ (1998)
  • „Земање на времето“ (2001)
  • „Има ли некој“ (2006)
  • „Попис на имотот“ (2009)

Меѓу нејзините попознати драми спаѓаат:[1]

  • „Пред огледалото“ (1986)
  • „Пепелашка“ (1989)
  • „Белиот агол“ (1998)
  • „Голии“ (2001)
  • „Змајовините пангалози“ (2007)

Исто така, изведени се следниве нејзини драматизции:[2]

Ивана Димиќ е добитник на повеќе награди: наградата на фестивалот Тиба за најдобар драмски текст („Змајовини пангалози“, 2010); Златен прстен за траен придонес во културата (2011), годишната награда за претставите „Хенри VI“ и „Женски оркестар“ (2012), а во 2017 година ја добила НИН-овата награда за најдобар роман (за „Арзамас“) [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Beleška o piscu“, во: Ivana Dimić, Arzamas (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2016, стр. 205.
  2. „Beleška o piscu“, во: Ivana Dimić, Arzamas (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2016, стр. 205-206.
  3. „Beleška o piscu“, во: Ivana Dimić, Arzamas (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2016, стр. 206.