Прејди на содржината

Ивана Ѓорѓиевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивана Ѓорѓиевска
Претседател на Совет на Општина Куманово
На должноста
23 ноември 2021 – сѐ уште
Лични податоци
Роден(а) 25 ноември 1973(1973-11-25)(50 г.)
Куманово, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Партија За наше Куманово
Професија филолог

Ивана Ѓорѓиевска (родена на 25 ноември 1973 година во Куманово) - македонски политичар и тековен претседател на Советот на Општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

Кариера[уреди | уреди извор]

Таа била заменик-директорка во Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ и не била дел од политичката сцена сè до локалните избори во 2021 година кога се кандидирала како носител на независниот список кандидати на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски.[1]

Со мнозинство гласови е избрана за претседател на Советот на Општина Куманово на уставотворната седница на 23 ноември 2021 година.[2]

Има дипломирано општа и компаративна книжевност во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ивана Ѓорѓиевска носителка на независната листа за советници „За наше Куманово". Кумановски Муабети. 30.08.2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Ивана Ѓорѓиевска избрана за претседател на Советот на Општина Куманово (ФОТО)“. Кумановски Муабети. 23.11.2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)