Ибрахим Сисоко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ибрахим Сисоко
Ibrahim Sissoko
Лични податоци
Роден на 29 ноември 1991 (1991-11-29) (27 г.)
Роден во Абиџан, Брег на Слоновата Коска
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција напаѓач, десно крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Волфсбург
Број 28
Младинска кариера
Академика Коимбра
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2012 Академика Коимбра 22 (0)
2012- Волфсбург 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Ибрахим Сисоко (роден на 29 ноември 1991) е професионален фудбалер од Брегот на Слоновата Коска кој игра за Волфсбург во германската фудбалска Бундеслига.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Академика[уреди | уреди извор]

Пред да потпише за Волфсбург Сисоко настапуваше за португалскиот прволигаш Академика. Тој е и јуниор на оваа екипа каде скаутите го довеле на многу рана возраст од Африка поради неговиот талент. Пред почетокот на сезоната 2010-11 во Португалската лига, Сисоко е прекомандуван во првиот тим на Академика и го добива дресот со број 91. Тогашниот тренер на Академика Жорге Коста има голема доверба во младиот Сисоко и тој е повикан во конкуренција за настап уште во првите два натпревари од сезоната, но само ги одгледа од клупата за резерви. Иако во почетокот на сезоната неуспеа да се избори за својот прв официјален сениорски настап, тоа се случи неколку месеци подоцна. На 6-ти ноември 2010 година Сисоко дебитира за првиот тим на гостувањето кај Портимоненсе, на возраст од 18 години, влегувајќи во игра во последните минути од регуларниот тек на натпреварот што заврши 2-2. До крајот на сезоната тој се појави во игра уште осум пати, меѓу кој и еднаш како стартер, но неуспеа постигне гол.

Следната сезона тој е многу постандарден и почна во 10 натпревари од првата минута, од вкупно 13 колку што одигра. Добрите перформанси привелкоа интерес за него кај неколку големи европски клубови како што се Тотенхем и Олимпик Марсеј. Сепак во зимскиот преоден рок, на 9-ти јануари 2012 Сисоко премина во редовите на Волфсбург за сума од 1.5 милион €.

Волфсбург[уреди | уреди извор]

Своето деби во Бундеслигата, Сисоко го имаше на 4-ти фебруари 2012, против екипата на Борусија Менхенгладбах во меч што заврши без голови 0-0. Сисоко го започна мечот во почетните единаесет, но беше заменет уште на полувремето од страна на Марио Манџукиќ. До крајот на сезоната 2011-2012 тој се појави во игра само уште на еден натпревари и еднаш беше неискористена резерва.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]