Иберокавкаски јазици
Иберокавакаски јазици | |
---|---|
Caucasian | |
Географска распространетост: | Кавказ |
Класификација: | предложено јазично семејство |
Гранки: |
Иберокавкаски јазици — поим кој е предложен од грузискиот јазичар Арнолд Чикобава, со кој се опфаќаат три засебни јазични семејства кои се зборуваат во Кавказот. Ова предложено јазично семејство ги вклучува: северозападни кавкаски јазици, североисточни кавкаски јазици и картвелски јазици. Според предложената теорија во ова семејство би се вклучиле и хатскиот јазик (за кој некои јазичари сметаат дека има поврзаност со северозападните кавкаски јазици), хурискиот јазик и урартскиот јазик (за кои некои јазичари сметаат дека се поврзани со североисточните кавкаски јазици)
Статус
[уреди | уреди извор]Поврзаноста меѓу овие три јазични семејства е оспорена и не е доволно јасна и прецизирана. Поголем број јазичари може да најдат поврзаности меѓу североисточните и северозападните кавкаски јазици, но сепак нема познати сличности или поврзаности со јужните кавкаски јазици. Овие јазици се поделени и не се сроди и кај класификацијата на Џозеф Гринберг. Така, поимот иберокавкаски е географски поим.
Литература
[уреди | уреди извор]- Tuite, Kevin (2008): "The Rise and Fall and Revival of the Ibero-Caucasian Hypothesis", Historiographia Linguistica Vol. 35, No. 1-2., pp. 23–82.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |