Ибериски центар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иберискиот центар, сместен во Лондон, во 70-тите години на минатиот век бил шпански центар за поддршка на анархистите, кој откако се преселил во сквотираните згради на некогашните училишта во Нотинг Хил, станал и самоуправуван социјален центар, место за живеење и студио.

Потекло[уреди | уреди извор]

Иберискиот центар првично бил основан на Chalk Farm (урбан дистрикт) во раните 70-ти на минатиот век од страна на шпанските ветерани од граѓанската војна, каде главен меѓу нив бил Мигел Гарсија Гарсија, затвореник кој отслужил дваесет години поради режимот на Франциско Франко . Гарсија и неговите другари биле активни во групата за потпомагање на затворениците, позната како Црвен крст на анархистите. Подоцна, бил познат како Анархија или Алтернативен центар „А“, кој се состанувал во парохиска сала во Холборн, пред да се пресели во 1982-тата година во училишната зграда, на улица 421 Хароу Роуд во Нотинг Хил .[1][2][3] Неговото оригинално политичко дејствување престанало по обновувањето на парламентарната влада во Шпанија и смртта на Гарсија во 1981 година.

Бендови[уреди | уреди извор]

Центарот во Нотинг Хил станал место за анархо-панк- свирките на Mob, Conflict, Poison Girls и Subhumans [4] Некогашниот продуцент на Мадона, Вилијам Орбит ја започнал својата кариера таму а ја основал и неговата продукциска куќа „Герила рекордс“ додека живеел на истоимената локација [5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Центар за автономија

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. „Notting Hill History Timeline - 16 - Notting Hill Babylon (Early 1980s)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-28. Посетено на 2010-08-31.
  2. Meltzer, Albert (1996). I couldn't paint golden angels: Sixty years of commonplace life and anarchist agitation. AK Press. ISBN 9781873176931. Архивирано од изворникот на 2 May 2019. Посетено на 2 May 2019.
  3. Chatterton, P; Hodkinson, S (2006). „Autonomy in the city“. City. 10 (3). doi:10.1080/13604810600982222.
  4. „Centro Iberico, London, England, 21 January 1979“. Brainwashed. Архивирано од изворникот на 2 April 2016. Посетено на 3 May 2019.
  5. Staff. „Shine on: William Orbit“. Cold War Nightlife. Архивирано од изворникот на 3 May 2019. Посетено на 3 May 2019.