ИТ центар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За центарот[уреди | уреди извор]

ИТ Центарот при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го планира, имплементира и одржува информатичкиот систем и компјутерската мрежа на Универзитетот, електронската пошта, системот за најавување и регистрирање на вработените и студентите, веб-порталот и заштитата и складирањето на сите податоци. Мисијата на ИТ Центарот е да се обезбеди брза и ефикасна работа, односно комуникација на секој кој е инволвиран во Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Визијата на Центарот е да се креира еден интегриран универзитет во кој технологијата и информациите ќе бидат на највисоко ниво. Од креирањето до денес оваа визија која беше предвидена во најголем дел е остварена. Со тоа ИТ Центарот се ближи кон остварување на својата цел - успешна и брза работа на Универзитетот како целина[1].

Организација и структура[уреди | уреди извор]

Во склоп на овој центар се формирани повеќе оддели:Оддел за одржување на софтвер, оддел за одржување на хардвер и мрежи како и оддел за ИТ сервисирање на вработени и студенти (токени, картици, сертификати, легитимации и сл.)[2]

Активности[уреди | уреди извор]

Во текот на изминативе години, ИТ Центарот присуствуваше и учествување на голем број конференции, конкурси, саеми и други собири поврзани со ИТ технологијата. Меѓу нив се издвојуваат конференциите на Мајкрософт, Визија 7, како и видео конференциите кои преку мрежниот систем на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип овозможуваат предавања од реномирани светски универзитети и институции.[3]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]