Институт за радиотерапија и онкологија - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ИРО - Скопје)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Универзитетска Клиника за Радиотерапија и Онкологија - Скопје
ТипЈавна здравствена организација
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личностид-р Спец. Милан Ристески (директор)
ДејностЗдравство
Вработени> 100[1]
Порталoncology.org.mk

Универзитетската Клиника за Радиотерапија и Онкологија е единствена специјализирана здравстена установа за лекување на малигни заболувања во Република Македонија. Организационо се наоѓа во склоп на (УКЦС) Универзитетскиот Клинички Центар - Скопје.


Капацитет[уреди | уреди извор]

Клиниката располага со 180 болнички кревети во хоспиталниот дел, 30 кревети во рамките на двете дневни болници. Во рамките на Клиниката функционираат вкупно 7 специјалистички амбуланти, како и амбулатна за пункциони биопсии (работно време секој ден од 11 до 12.30 часот). Во Институтот работат вкупно 22 лекари специјалисти, 11 лекари на специјализација, а наставната база ја сочинуваат 5 професори, 2 доценти, 2 виши научни соработници и 10 асистенти.

Оддели[уреди | уреди извор]

Во рамките на институтот функционираат 11 одделенија[2]:

  • Оддел за третман на малигни тумори на дојката и градниот кош
  • Оддел за третман на малигни тумори на белите дробови
  • Оддел за третман на малигни тумори на уринарниот тракт и машките генитални органи
  • Оддел за третман на малигни тумори кожата и дигестивниот систем
  • Оддел за третман на малигни тумори на коските и централниот нервен систем
  • Оддел за третман на малигни тумори на главата и вратот
  • Оддел за третман на мекоткивни тумори
  • Оддел за третман на малигни тумори на женските генитални органи
  • Оддел за третман на малигни тумори на дојката
  • Оддел за брахитерапија
  • Оддел за хистопатологија и клиничка цитологија

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]