Зѓислав Бекшињски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зѓислав Бекшињски
Zdzislaw Beksinski in Sanok-crop.jpg
Полскиот сликар Зѓислав Бекшињски
Роден(а)24 февруари 1929(1929-02-24)
Санок,  Полска
Починал(а)21 февруари 2005(2005-02-21) (воз. 75 г.)
Варшава,  Полска
НационалностПолјак
Познат(а) посликарство, вајарство, фотографија
Мреж. местоwikiart.org/es/zdzislaw-beksinski

Зѓислав Бекшињски (полски: Zdzisław Beksiński; 24 февруари 192921 февруари 2005) — полски сликар, фотограф и вајар, насочен во полето на дистописки надреализам. Цртежите и сликите на Бекшињски ги правел во „барокен“ и „готски“ стил како што ги нарекувал. Неговите дела биле создавани главно во два периоди. Првиот првиот генерално се смета дека содржи експресионистички бои, со силен стил на „утописки реализам“ и надреална архитектура, како сценарио од судниот ден. Вториот период содржи поапстрактен стил со делови на формализам.[1]

Бекшињски бил избоден до смрт во неговиот стан во Варшава во февруари 2005 година од 19-годишен познаник од Воломин, откако неколку пати одбил да му позајми пари.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Семејството на Бекшињски е поврзано со Санок од неколку поколенија.Прадедото на Зѓислав, Матеуш, прв се преселил во градот во четирисетите години.  Во XIX век отворил котларско претпријатие кое било почеток на подоцнежната фабрика за вагони и автобуси Аутосан.  Дедо му Владислав бил градски архитект и автор на многу проекти на згради и градски терени во Санок. Вкупно пет генерации на Бекшињски од втората половина на деветнаести век до крајот на седумдесетите години на XX век живееле во куќата на улицата Јагелонска во Санок. Таткото на Зѓислав, Станислав (1887-1953), војник во армијата на Халер и деец во гимнастичкото друштво Сокол[3], бил инжинер по геометрија [3], работел во одделот на градската управа за градежништво. Мајката на Зѓислав, Станиславa, родена Дворска (родена 1899, ќерка на Тадеуш, учителка, корепетитор, исто така, цртала илустрации и сликала акварел). Зѓислав Бекшињски бил нивно единствено дете. Негови кумови биле Франчишек Оравјец и Хелена Потоцка, родена Дворска[3]. Сестра на неговата мајка била Марија, жена на Станислав Потоцки.

За време на втората светска војна, додека траела германската окупација, Зѓислав Бекшињски учел во саночката економска школа во Санок, истовремено се здобил со едукација во рамките на тaјна настава. Во тоа време се учи да свири на фортепиано.Како резултат на експлозија која настанала во игра со воена граната изгубил дел од палецот и од показалец. Во 1947 година, завршил школа со профил математика-физика и положил матура во општата гимназија во Санок(во исто време, насликал матурско табло). Следно, започнал студии на одделот за архитектура на краковската политехника. За време на студиите, на 30 април 1951 година се оженил со Зофија Хелена Станкјевиќ (род. 1927, апсолвентка на романистика) во Динув, нејзиното родно место. На 31 мај 1952 се здобил со титула инжинер архитект и магистер на технички науки. По завршување на студиите, во 1952 година добил наредба за работа и понатаму живеел во Краков, а подоцна во Жешув.

Во 1955 година, по неколкугодишна работа како надзорен инспектор во социјалистичките згради, заедно со жена му се вратил во Санок. Претходно бил градски советник во народниот совет на Санок: од 1953 до 1954 година влегува во состав на комисијата за уредување на населбите, а подоцна, во 1958 бил избран како советник. Од 1955 година членува во саночкиот одел на полското друштво на фотографија. На 26 ноември 1956 на свет дошло нивното единствено дете, Томаш. Од 1956 до почетокот на седумдесетите години работел како стилист (во тој период пластичар) во оделот на главниот конструктор на фабриката Аутосан за автобуси во Санок, првенствено отворена од Матеуш Бекшињски, прадедото на уметникот. Таму создал прототипови на автобуси и минубуси како: СФВ 1-Санок, СФА-2, СФА-3, СФА-4 Алфа(1964) и СФА-21(меѓу другото, проектирал и автобуски каросерија на начин лакирање и графички знаци за фирми). Проектите создадени од него се карактеризирале, меѓу другото со иноваторски стил. Вообичаено, работел со пола работно време во фабрика за да би го користел останатото време за својата уметничка пасија(фабрика, скулптура, илустрации, сликарство). Во меѓувреме, во 1960 година одбил понуда за стипендија од музеј Гугенхајм во Њујорк. Учествувал во графичката секција во сојузот на полските ликовни уметници во областа на Варшава. Зѓислав Бекшињски ги доделувал своите дела

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Krzysztof Jurecki (August 2004), Zdzisław Beksiński at Culture.pl, Museum of Art in Łódź. Translated by Marek Kępa, February 2012.
  2. Polska Agencja Prasowa (29 November 2010), Morderstwo malarza Zdzisława Beksińskiego. Zabójca Beksińskiego posiedzi 25 lat - odwołanie oddalone. Za dziennikiem Super Express z dn. 23.02.2005.
  3. 3,0 3,1 3,2 Beksińscy 2014.