Зумбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зумбул
Hyacinth - Anglesey Abbey.jpg
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Ред: Asparagales
Семејство: Asparagaceae
Племе: Scilloideae
Род: Hyacinthus
Вид:
  • Hyacinthus litwinowii
  • Hyacinthus orientalis
  • Hyacinthus transcaspicus

Зумбул (тур. sümbül; лат. Hyacinthus) е род од монокотиледони со скриено семе од истоимената фамилија Hyacinthaceae, како и еден вид од тој род, која природно (спонтано) расте во пределите на југозападна Азија, од Мала Азија, преку Сирија, Либан, Израел и Ирак до Иран. Постои слична популација и во Далмација и Грција. Природни терени за зумбулот се камењари од приморје до високите планини (2000 метри надморска височина).[1]

Некои автори ги сместуваат двата вида сродни на родот Hyacinthella (H. litwonowii и H. transcaspicus) во родот на зумбули како: Hyacinthus litwinowii и Hyacinthus transcaspicus.

Опис на билката[уреди | уреди извор]

Зумбулот е повеќегодишна зелјеста билка со подземно стебло во вид на луковица. Има висина до 50 цм, со 4-12 ниски лисја и еден цвет на стеблото кое го носи гроздовидниот цвет. Бројот на цветови на гроздовидниот цвет е до 15 кај самоникнатите и супспонтаните билки, додека кај одгледуваната култура може да се видат и по 50 цветови. Цвета во пролет, цветовите се многу миризливи, сини, розови, жолти или со бела боја, хермафродити. Лисјето се сраснати во цевкастиот дел, со врвовите кои стрчат или се виткаат и даваат ѕвонест изглед на целиот цвет. Опрашувањето го вршат инсектите. Плодот има тркалезна чаура. Семето има кафено-црна боја, со бел арилусум. Зумбулот е мирмекохорна билка.

Значење на зумбулот[уреди | уреди извор]

Во источното Средоземје зумбулот се одгледува одамна, јачината од миризбата на цветот бара мало внимание при одгледувањето. Поголемо значење и популарност постигнува во 18 век во Европа, кога во Холандија се создадени повеќе од 2000 култивирани и хибридни зумбули. Препорачани работи во текот на одгледувањето: коренчињата се садат во септември и октомври, се додаваат ѓубрива во текот на цветањето (најчесто во март) и остранувањето на свенатите стебла и листови (април-јуни) како во корените се собира повеќе енегија и храна.

Есенцијалното масло од зумбул се користи во парфимерии.[2][3] Од цветовите се добива сина боја.[4] Билниот сок од стаблото може да предизвика контактен дерматитис[5], а коренот е богат со токсини и отровен е за цицачите.[6]

Зумбулот во култура[уреди | уреди извор]

Латинското име на родот е дадено по Хијакинт од грчката митологија, а широко природниот ареал на зумбулите имаат голема улога во човековата културата и уметноста. Иранците со него ги украсуваат масите при дочек на Персиската Нова Година (Нороуз). Пророкот Мухамед кажувал: „Да имам две парчиња леб, едниот би го продал и би купил зумбули, затоа што тие ќе ми ја нахранат душата".

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Davis, P.H. 1965. Flora of Turkey. Edinburgh University Press.
  2. Usher, G. 1974. A Dictionary of Plants Used by Man. Constable. ISBN 0-09-457920-2
  3. Hill, A.F. 1952. Economic Botany. The Maple Press
  4. Grae, I. 1974. Nature's Colors - Dyes from Plants. MacMillan Publishing Co. New York. ISBN 0-02-544950-8
  5. Cooper, M. & Johnson, A. 1984. Poisonous Plants in Britain and their Effects on Animals and Man. HMSO. ISBN 0-11-242529-1
  6. Huxley, A. 1992. The New RHS Dictionary of Gardening. MacMillan Press ISBN 0-333-47494-5