Зулу (филм од 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зулу (англиски: Zulu) е француско-јужноафрикански филм од 2013 година, во режија на Жером Сале. Улогите ги играат: Орландо Блум, Форест Витакер и Тања ван Гран. Филмот е снимен во Кејптаун, а премиерно бил прикажан на затворањето на Канскиот филмски фестивал.

Содржина[уреди | уреди извор]

Али Сокела е шеф на одделот за истраги на убиства на полицијата во Кејптаун. Во детските денови, тој едвај им побегнал на воените единици кои го прогонувале Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела. Тој и неговата мајка го избегнале масакрот, но неговите психолошки трауми останале и понатаму. Али работи заедно со проблематичниот детектив Брајан Епкин, кој по разводот тоне во алкохол.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Истрагата за убиство носи голема опасност“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 3.