Зорица Блажевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зорица Блажевска
Родена 6 октомври 1948
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање архитект


Зорица Блажевска (6 октомври 1948 во Скопје) — македонска архитектка и универзитетска професорка на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Зорица Блажевска дипломирала на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973). Вработена е на Архитектонскиот факултет во Скопје како асистент и по изборот во други наставнички звања е избрана за редовен професор (2003) по преметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Докторирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Освен со педагошка дејност, се занимава и со научноистражувачка работа, со архитектонско проектирање и со публицистика. Нејзината проектантска активност резултира со реализација на повеќе индивидуални семејни куќи, а забележително е и учеството на анонимни архитектонски конкурси.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блатна“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 171. (2009). Скопје: МАНУ.