Зоран Ковачевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зоран Ковачевиќ (Попинци, кај Печинац, 23 септември 1935) — српски биохемичар, академик на САНУ, претседател на огранокот на САНУ во Нови Сад.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирал во 1962 година на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград. По завршувањето на студиите бил избран за асистент на Катедрата за биохемија на Медицинскиот факултет во Нови Сад. Во 1971 година на истиот факултет ја одбранил докторската дисертација. Од 1982 година бил раководител на Катедрата за биохемија во Клиничкиот центар во Нови Сад и раководител на Катедрата за биохемија на Медицинскиот факултет во Нови Сад до неговото пензионирање во 2002 година. Во 1982 г. бил избран за редовен професор по биохемија.

За дописен член на Војводинската академија на науките и уметностите бил избран во 1984 година, а за редовен член во 1990 година. Во 1991 година, по спојувањето, станал редовен член на САНУ. Бил потпретседател на Огранокот на САНУ во Нови Сад од 1998 до 2002 година, а потоа и претседател од 2002 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]