Зоран Иванов
Зоран Иванов | |
---|---|
Роден(а) | 14 октомври 1949 Скопје, Република Македонија |
Националност | ![]() |
Државјанство | ![]() |
Занимање | Новинар, политички аналитичар |
Активен период | 1974-денес |
Зоран Иванов (Скопје, 14 октомври 1949) — македонски новинар. Завршил Факултет за новинарство во Скопје, а во 1974 г. станал соработник на Радио Скопје.[1] Подоцна работел како новинар и уредник-коментатор за Македонското Радио и Македонската Телевизија. Соработувал со повеќе електронски и печатени медиуми (меѓу кои Сител и Утрински Весник).
Иванов бил првиот директор на Македонската Информативна Агенција (МИА). Автор е на двотомната книга „Амбиент“, која е хронолошка збирка на неговите новинарски записи, коментари и анализи. Во 1994 г. ја добил наградата „Новинар на годината“.[2] Во 2012 г. му била врачена наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, признание кое го доделува ЗНМ.[3]
Бил советник за односи со јавноста во кабинетот на Бранко Црвенковски за време на неговиот претседателски мандат.[4] По завршување на таа обврска, својата новинарска кариера ја продолжил во ТВ Алфа. Во телевизијата имал своја авторска емисија „Пресинг“, а во мај 2012 бил назначен за нејзин главен и одговорен уредик.[5] Во февруари 2013 г. тој добил отказ од ТВ Алфа. Изреволтиран од тој потег, како и од севкупната состојба во македонското новинарство, преку писмо соопштил дека ги враќа сите негови новинарски награди.[6][7]
Негово хоби е падобранството, а тој е исто така повеќекратен првак и рекордер во неколку категории во Македонија и во светот.[8] Носител е на највисокото меѓународно признание во спортското воздухопловство - „Златна значка со три дијаманти“ на Светската федерација (ФАИ).[9] Тој е татко на три деца, Игор, Тина и Дуња.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Алфа од денеска со нов одговорен уредник“. Плус Инфо. Посетено на 9 мај 2012.
- ↑ Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 608
- ↑ „ЗНМ ги додели годишните новинарски награди“. Tocka.com.mk. Посетено на 19 февруари 2012.
- ↑ „Зоран Иванов нов главен уредник на АЛФА ТВ“. Дневник. Посетено на 10 мај 2012.
- ↑ „Зоран Иванов – нов главен уредник на ТВ Алфа“. Без Пардон. Посетено на 7 мај 2012.
- ↑ „Новинарот Зоран Иванов добил отказ и ги враќа сите награди“. Република. Посетено на 21 февруари 2013.
- ↑ „Зоран Иванов: Нема повеќе да бидам дел од поразот на македонското новинарство“. Капитал. Посетено на 21 февруари 2013.
- ↑ „ФАИ признанија: Добитници на дипломата „Пол Тисандиер"“. Воздухопловна Федерација на Македонија. Посетено на 1 април 2005.
- ↑ „Зоран Иванов: Во што ви е проблемот, во успешноста ли, или…“. А1ON.mk. Посетено на 25 мај 2012.
- ↑ „Зоран Иванов е нов главен уредник на Алфа телевизија“. ТВ Сител. Посетено на 10 мај 2012.