Зоран Витанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Витанов
Пратеник
На должноста
26 јули 2006 – 12 април 2008
Лични податоци
Роден(а) 29 мај 1971
Струмица, СФРЈ
денес Македонија
Националност Македонец
Партија СПМ (до 2007)
Вероисповед Православен христијанин

Зоран Витанов (29 мај 1971 во Струмица[1]) — македонски политичар и економист.

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на средното образование во 1990 година, Зоран Витанов дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Зоран Витанов е еден од сопствениците и основачите на Трејд консалтинг, компанија што нуди услуги во областа на економијата и финансиите.

Голем дел од своето професионално работно искуство го има стекнато преку многубројни тренинг-програми одржувани во земјава и во странство, од кои сите се однесуваат на различни области и теми.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Политичката кариера на Витанов започнала во 2001 година, кога станал заменик министер за економија, со официјален мандат од 13 мај 2001 година, па сè до 23 ноември 2001 година. Од 1996 до 2007 година тој бил член на програмата за алумни за демократско водство на Стразбур, (поддржан од Франција, Полска, Унгарија, Кипар, Македонија, Србија и Хрватска).

Од 26 јули 2006 година па сè до 12 април 2008 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Со ова бил и член на парламентарната комисија за финансии и буџет и парламентарната комисија за транспорт, градежништво и економија).

Во октомври 2003 станал потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), каде што останал до декември 2007 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]