Зоран Јованов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зоран Јованов
13.02.1972 – † 23.05.2004
Зоран Јованов.jpeg
Прекар:Циганот
Роден во:Скопје, Македонија Македонија
Починал во:Прилеп
Служба во:Македонија Македонија
Период на служба:1991 - 2004
Чин:Постар водник
Единици:БСН Волци
Битки/војни:Битка за Вуковар
Воен конфликт во Македонија, 2001
Други занимања:Инструктор по падобранство


Зоран Јованов - Циганот (Скопје, 13 февруари 1972Прилеп, Прилепско, 23 мај 2004) бил македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во југословенските војни како и во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Јованов бил инструктор по падобранство и постар водник во БСН Волци. Тој важеше за најдобар и најспремен војник во ПСО.

Загинува при својот 289ти скок за време на падобранската обука скок на слободно од авионот Ан-2 од 1000 метри, околу 12 часот во Прилеп на аеродромот Мало Коњари.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Зоран Јованов е роден 1972 година во Скопје. Во текот на своето детство и во текот на своите тинејџерски години се има занимавано со повеќе боречки вештини и со падобранство. Војска има одслужено во 1991 во 63. Падобранска единица во Ниш. Јованов, кој во летачките кругови е познат под прекарот Циго, почнал да го изучува падобранскиот занает во 1988 година во скопскиот Аеро-клуб. Остварил повеќе од 300 успешни скока и имал звање падобрански инструктор. Јованов го доби прекарот „Циган“ бидејќи детството го минал во Шутка.

По завршетокот на големите немири во 1994 на 1 март како потпишува договор и е прв припадник на Баталјонот за специјални намени Волци. Посветен е кон професијата, семејството и пријателите. Има голема активност во одбраната на оваа држава и како најспремен припадник на БСН Волци има големи одликувања.

Станува збор за професионален војник, за чија храброст и благородност наголемо се раскажувало меѓу неговите колеги. Војувал на боиштата во Хрватска и во Босна и во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Важеше за многу професијонален и искусен Војник, има дејствувано во борбите на Вуковар и на други останати места од страна на Југословенската Народна Армија. Според кажувањата на неговите блиски, неколку пати пребродил ситуации опасни за неговиот живот.

Неколку години по конфликтот се префрла во Падобранската бригада 501 и таму е падобрански инструктор со професионални 300 скока и учествува во формирања на ренџерскиот баталјон.

Загинува во Прилеп на 23 мај 2004 година при редовна вежба на падобранската единица.[2] Зад себе ја остава неговата Фамилија која имаше голема верба во него, своето семејство синот и сопругата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Загинатиот офицер не се ни обидел да го отвори падобранот“. Вест. 25 мај 2004. конс. 2015-03-04. 
  2. „Јованов не се обидел да го отвори падобранот“. Дневник. 18 март 2006. конс. 2015-03-04.