Зоолошката градина била основана во 1875, а затворена во 1973 година и била заменета со основаната во 1974 година зоолошка градина Алветерзоо Минстер, која била изградена богато со дрвја во близина на езерото Азе.
Акција од Зоолошката, издадена на 1 февруари 1874 година, потпишана од Херман Ландоис
До крајот на 1950-тите била управувана од претседател на одборот и официјален директор, но од 1960 година титулата е директор на зоолошката градина. Од 1985 година управувано е од Вестфалска зоолошка градина ГмбХ.
Во текот на 2012 година, вкупно 85 лица (вклучувајќи го и менаџментот) работеле во зоолошката градина. Од нив, повеќето вработени (46 работници) работеле како чувари, 4 работеле со едукативната програма, единаесет во комерцијалниот дел за продажба или во техничкиот дел. Шест градинари се грижеле за растенијата, а шест лица работеле во менаџментот.[4]
↑„Zahlen und Daten 2013“(PDF) (German). WESTFÄLISCHER ZOOLOGISCHER GARTEN MÜNSTER GmbH. Архивирано од изворникот(PDF, 47 kB) на 2013-05-08. Посетено на 2013-02-22.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)