Животопогоден појас

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зона погодна за живот)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Животопогоден појас — појас или подрачје во вселената каде условите се погодни за живот онакви како што се на Земјата. Постојат две зони кои треба да бидат погодни, едната во рамките на планетарниот систем и другата во рамките на галаксијата. Планетите и месечините во овој реон се кандидати за постоење на живот, па според тоа способни да создадат вонземски живот сличен на нашиот.

Во нашиот Сончев систем меѓуѕвездениот животопогоден појас се протега на растојание од 0,95 до 1,37 астрономски единици.

Gliese 581 d, последната од четирите планети на ѕвездата црвено џуџе Gliese 581 (околу 20 светлосни години од Земјата), е најдобар пример на пронајдена далечна екстрасоларна планета која орбитира во животопогодниот појас во вселената.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]