Знамиња на Македонско-одринското ополчение

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знамињата на Македонско-одринското ополчение се пришени во предвечерието на Балканската војна и им се дадени од лицето на македоно-одринските братства, или од популацијата на градовите, чии претставници са волонтерите - Софија, Варна, Плевен, Лом, Лозенград, Гери (САД) и други. Првично свое знаме поседуваа и Јунашка легија од 12та Лозенградска чета, што подоцна стана знаме на четата. Сите знамена од ополчението учествуваа во парадот од 1913 година, както и по Втората балканска војна во август 1913 година во Софија.

Главно знаме на ополчението[уреди | уреди извор]

Главно знаме на ополчението

Главно знаме на македоно-одринското ополчение е знамето на 11 серска чета, подарок од бугарската царица Елеонора. Проектот за знамето е од извесниот сликар Иван Марквичка. Знамето е со размери 139х139. Од едната страна во центорот има икона на светите браќа Кирил и Метотиј. Освен тоа се апликирани округли парчиња ткаенина, кои са извезени, како следува: горе во лево е извезано „5.Х.1912“ - датумот на објавување на манифестот за прогласуванње на војна на Турција. Во десно од иконата на царица Елеонора е надписот „С. Т. ЬI КИРИЛЪ“, а од лево — „С. Т. ЬI МЕТОДИЙ". Задната страна на знамето е во боите на современното бугарско знаме - бело, зелено и црвено. Во горниот крај рачката на знамето завршува со метален осмоконечен крст, врз основа на кој е спроведен вензелот „Е“ со круна и е врежана годината „1912“. На дрвената рачка е вметната метална хривнија со надпис „Македоно-одринско опълчение“. Обновено то се чува во Националниот военноисторически музеј во Софија.

Знаме на Прва дебарска дружина[уреди | уреди извор]

Знамето на дебарската дружина

Знамето на прва дебарска дружина е изработено во деновите на нејното создавање. Лицевиот дел е со боите на бугарското знаме, распоредени хоризонтално. Во средината со бронзена боја е нацртан шестконечен крст врз полумесечина. Врз него во полукруг е напишано „1-ВА ДЕБЪРСКА ОПЪЛЧЕНСКА", а одоздола — „ДРУЖИНА". Во задната страна на знамето е изпишано „СЪ НАМИ БОГЪ" врз лавот, а одоздоле лава — „1912“.

Знаме на втора скопска дружина[уреди | уреди извор]

Знамето на втора скопска дружина е направено во Лом во 1905 година за локалното македонско друштво. То е црвено, на лицевиот дел и распореден крст, над него е напишано „БОЖЕ, ПАЗИ“, а одоздола — „МАКЕДОНИЯ“.

Знаме на трета солунска дружина[уреди | уреди извор]

Ова знаме е изработено од двоен црвен свилена ткаенина. Неговите димензии се 87х88. Во средата на лицевиот дел са сликите на браќата Кирил и Методиј во целиот раст. Над нив со жолто е извезено „СВ. КИР. СВ. МЕТ.". Во горниот крај на ткаенината е изпишано „ТОЗЪ КОЙТО ПАДНЕ ВЪ БОЙ", а во долниот — „ТОЙ НЕ УМИРА". Од спротивната страна е извезено „ПЪРВА//СОЛУНСКА//ОПЪЛЧЕНСКА//ДРУЖИНА.// 1912 г." (потоа дружината е нумерирана како трета).

Знаме на четврта битолска дружина[уреди | уреди извор]

Знаме на битолската дружина

Знамето на четврта битолска дружина е создадено кога е формирана четата.
Димензиите му са 102х100см. Знамето е со боите на бугарското национално знаме, превртено наопаки. Во средината на лицевиот дел со жалти конци е испишано „БИТОЛСКА ОПЪЛЧЕНСКА//1912//ДРУЖИНА". На задниот дел е извезен лав, стапнал на скршена полумесечина.

Знаме на петтата одринска дружина[уреди | уреди извор]

Знамето е со димензии 98х77см. Во средината на лицевиот дел е извезено „ОДРИНСКА//ОПЪЛЧЕНСКА ДРУЖИНА", а одоздола е изпишано „1912“. На задната страна е насликан лав, стапнал на полумесечина со ѕвезда. Околу лава са извезени имињата на градови - „СЕРЪ", „Джумая — Неврокопъ", „Одринъ, Мелникъ".

Знаме на шеста охридска дружина[уреди | уреди извор]

Димензиите на ова знаме са 170х158см. Боите са како на бугарското знаме - бело, зелено и црвено. Во горниот лев крај на белото поле е извезана фигурата на жена, која држи во едната рака знаме, а во другата со црвена боја е изпишано „Македония“. До жената стои лав со црвено знаме, врз кое со бели конци е извезан натписот „СВОБОДА//ИЛИ//СМЪРТЪ". Под лавот е изпишано „1902 г.//1903 г.". Под жената исто има натпис, кој гласи „СЪЕДИНЕНИЕТО//ПРАВИ СИЛАТА.".
Во десната половина на белата линија е извезано „M.O.B.N.O./GARY, IND. USA".
Знамето е создадено во Гери,Индијана от бугари. Макар и далеку од татковината те ги следели активностите во Балканскиот полуостров. Кога разбират дека Бугарија објавува војна на Турција те решаваат дека е нивен долг да помогнат.

Знаме на седмата кумановска дружина[уреди | уреди извор]

Ова знаме е изработено во Лом. Било е создадено за чета во Македонија. На лицевиот дел е нацртана фигура на жена, која е окована во синџири. Зад неа има гора. Цртежот е опкружен од црвена рамка. Во горниот крај на ткаенината со бела боја е изпишано „СИНОВЕ МАКЕДОНЦИ!//ДОЙДЕТЕ ДА СТРОШИМЪ ВЕРИГИТѢ", а во долниот — „НА РОБСТВОТО".

Знаме на осмата костурска дружниа[уреди | уреди извор]

Ова знаме е со еднакви бои од двата дела - бел, зелен и црвен.
На лицевиот дел е нацртан крунисан лав во исправена позиција, како под него има венец од маслинови граничиња. Под овој цртеж е испишано „КОСТУРСКА ДРУЖИНА//1912".

Знаме на деветата велешка дружина[уреди | уреди извор]

Знаме на велешката дружина

Знамето на деветата велешка дружина е изработено во Лозенград. Претставува црвена ткаенина, со димензии 114х91см. Во средината на лицевиот дел е нацртан лав, стапнал врз полумесечина со ѕвезда. Над цртежа е испишано „СВОБОДА НА ОДРИНСКО И МАКЕДОНИЯ". Во долниот десен агол е поставен натписот „Подарено от Д. Салабашевъ. Лозенградъ". Во задниот дел е извезен натписот „ДОЛНОТРАКИЙСКИ//ЛЕГИОНЪ//1453-1912 г./".

Знаме на десеттата прилепска дружина[уреди | уреди извор]

Ова знаме е изработено во Плевен, за Ѕидарско-Столарија здружение „Единство“. По објавувањето на војната волонтерите од градот тргнуваат со знамето кон Софија, а оттаму заедно со волонтерите од Лом и Ќустендил се приклучуваат кон Седма кумановска дружина.
Знамето е тробојка, со боите на бугарското. Димензиите са 104х73см. Во средината е извезено „ПЛЕВ. ОКОЛ. ЗИДАРО-ДЪРВОД. СДРУЖЕНИЕ//ЕДИНСТВО//". Во лево е насликана иконата на св. Тома. Има и крст. Од двете страни на крста са нацртани два лава, кои држат Бугарскиот национален флаг.
Прилепската дружина е имала уште едно знаме. То е изработено во Варна од Олга Шотова.

Знаме на петнаесета штипска дружина[уреди | уреди извор]

Ова знаме претставува црвена ткаенина со дименсии 120х99см. На средината на лицевиот дел е извезан лав. Во аглите на знамето е ставена буквата „Ф“ (на цар Фердинанд I). Во лево, паралелно на рачката е изпишано „СЪ НАМИ БОГЪ".