Знаме на Егејска Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Знаме на грчка Македонија
}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме Национални симболи на Грција.
Сразмер 2:3
Опис Златна Ѕвездата од Кутлеш на сина позадина.

Знамето на грчка Македонија (грчки: Σημαία της Μακεδονίας) е знаме кое Грците во Егејска Македонија го користат како неофицијално знаме на три периферии: Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. [1] Занемто е со сина позадина на која има приказ на златна Ѕвезда од Кутлеш и е слично со поранешното знаме на Македонија. Ова знаме го користат и организации на Грци од Егејска Македонија во дијаспората, како што се тие во Соединети Американски Држави и Австралија[2][3][4].

Не е јасно кога точно знамето почнало да се употребува, но најверојатно е во доцните 1980-ти.[5] Во февруари 1993 грчкиот Парламент го изгласал знамето со Ѕвездата од Кутлеш за неофицијален национален симбол.[6] Во јули 1995, Грција поднела барање за заштита на правото на сопственост на заштитниот знак Ѕвездата од Кутлеш како официјален државен симбол според Член 6 од Париската конвенција за заштита на индустриска сопственост[7] со Светската организација за интелектуална споственост.[8] Сличноста со првото знаме на Македонија, која го искористила истиот дизајн на Ѕвездата од Кутлеш на црвена основа со пропорции 1:2, предизвикала контроверзии во Грција.[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eleni Kokkonis-Lambropoulos & Katerina Korres-Zografos (1997) (на greek). Greek flags, arms and insignia (Ελληνικές Σημαίες, Σήματα-Εμβλήματα). E. Kokkonis-G. Tsiveriotis. ISBN 960-7795-01-6. 
  2. „Pan-Macedonian Association USA“. http://panmacedonian.info/. конс. 28 јуни 2011 г. 
  3. „History of Macedonia“. Pan-Macedonian Network. http://macedonia.com/english/history/. конс. 28 јуни 2011 г. 
  4. „Pan Macedonian Association of Melbourne and Victoria“. http://panmacedonian.com.au/. конс. 28 јуни 2011 г. 
  5. 5,0 5,1 Znamierowski, Alfred (2010). The World Encyclopedia of Flags. Anness Publishings. ISBN 978-1-84476-895-0. 
  6. Danforth, L. M. The Macedonian Conflict: Ethnic Nationalism in a Transnational World, p. 166
  7. Article 6ter, Paris Convention for the Protection of Industrial Property.
  8. "Greece petitions for int'l rights to Vergina Star", ANA, 31 July 1995.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]