Знаме на Тирингија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Тирингија
}}
Назив Landesflagge
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме нормална верзија на знамето
Сразмер 3:5 (или 1:2)
Усвоено 1921, 1946, 1991
Опис Со две бои, бела над црвена.
}}
Варијанта на знамето на Тирингија
Назив Landesdienstflagge des Freistaats Thüringen
Употреба државно знаме државно знаме нормална верзија на знамето
Сразмер 3:5 (или 1:2)
Усвоено 1991
Опис Граѓанското знаме со додавање на грбот.

Обете знамиња, граѓанското и покраинското, на германската покраина Тирингија вклучуваат две бои на бела над црвена, споредено со многу други знамиња, како што е полското. Дизајнот е историско. Покраинското знаме е слично со граѓанското знаме, освен во центарот каде е додаден новиот грб на Тирингија.

Како многу германски покраински знамиња, најмогу се користи големината 3:5, иако според закон е припошано 'најмалку 1:2'.[1]

Граѓанското знаме со две бои, бела и црвена, било користено пред Втората светска војна и формално укинато во 1935, како последица на реформите на Третиот Рајх. Повторно било прифатено во 1946, кога Тирингија повторно станала покраина и укинато во 1952 како последица на владините реформи на Германската Демократска Република. Кога Германија била повторно обединета, Тирингија повторно станала покраина и така знамето било конечно признато во 1991, а пред тоа било најкористен симбол во демонстрациите во Германската Демократска Република во 1989/90. Веднаш било прифатено како Landesflagge по обединувањето и обновувањето на Тирингија како покраина на 3 октомври 1990. Првото легално уредување било на 30 јануари 1991 (Gesetz über die Hoheitszeichen).

Новиот грб на Тирингија е стариот грб на Грофовијата Тирингија, со неколку примени. Поради сличностите помеѓу грбовите на Хесен и Тирингија, знамињата се исто така прилично слични.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Покраински канцелар (1993), Verfassung des Freistaats Thüringen vom 25. Oktober 1993 Устав на Слободната Држава Тирингија од 25 октомври 1993 |access-date= бара |url= (help)(германски)
  2. Siobhán Ryan (1997), Ultimate Pocket Flags of the World |access-date= бара |url= (help) (Illustrated).