Знаме на Каракалпакстан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Каракалпакстан
}}
Сразмер 1:2
Усвоено 14 декември 1992
Творец Жолибаи Изентаев

Знаме на Каракалпакстан (Каракалпачки: Qaraqalpaqstan Respublikasının' ma'mleketlik bayrag'i/Қарақалпақстан Республикасының мәмлекетлик байрағи; Uzbek: Qoraqalpogʻiston Respublikasining davlat bayrogʻi/Қорақалпоғистон Республикасининг давлат байроғи) — еден од официјалните симболи (заедно со амблемот и химната) на Каракалпакстан, автономна република во Узбекистан. Знамето е дизајнирано од скица на Каракалпачкиот уметник, Жолибаи Изентаев. Знамето е засновано на знамето на Узбекистан.

Опис[уреди | уреди извор]

Државното знаме на Република Каракалпакстан е тробојка составена од три хоризонтални ленти во сина, златна (или жолта) и зелена боја. Златната лента е одделена со бели и црвени рабови.

Знамињата на Каракалпакстан и Узбекистан во спортскиот комплекс во Нукус

Должината на знамето е 250 см, а ширината е 125 см. Ширината на сините и зелените ленти е еднаква и е 42 см. Ширината на златната лента сместена во средината на знамето е 34 см. Ширината на белите граници е 1 см, а на црвените 2,5 см.

На горниот десен раб на сината лента е прикажана бела полумесечина (конвексна страна до столбот на знамето), а десно од неа пет бели sвезди со пет краци. Полумесечината е формирана со пресек на два круга, чии пречници се 22 и 19 см. Центрите на овие кругови лежат на права линија што ја дели сината лента на два еднакви делови. Растојанието помеѓу центарот на помалиот и поголемиот круг е 4 см. Растојанието од работ на знамето до полумесечината е 20 см. Ѕвездите се вклопуваат во правоаголник со димензии 30 см на 15 см. Растојанието од работ на знамето до правоаголникот е 42 см . Ѕвездите се распоредени во два реда на следниов начин: горниот ред се состои од две, долниот - од три sвезди; секоја sвезди е впишана во круг со пречник од 10 см.

Симболизам[уреди | уреди извор]

Сината боја на знамето е симбол на водата и пролетта. Жолтата боја покажува дека поголемиот дел од Каракалпакстан се наоѓа во пустински предел. Зелената боја е знак за обновување на природата, духовноста и сонцето. Полумесечината е свето олицетворение на муслиманите, а петте sвезди се симбол на животот во петте најстари градови на Каракалпакстан. Државното знаме на Република Каракалпакстан ја претставува Република Каракалпакстан на меѓународна сцена: за време на посетите на официјални делегации на Република Каракалпакстан на странски земји, во меѓународни организации, на конференции, светски изложби, на спортски натпревари.

Граѓаните на Република Каракалпакстан, како и другите жители што живеат тука, мора да го почитуваат државното знаме на Република Каракалпакстан.