Знаме на Општина Бутел

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Знаме на Бутел)

Знаме на Општина Бутел
}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме
Сразмер 1:2
Опис Две вертикални нееднакви ленти во црвена и жолта боја со општинскиот грб во средина.


Знамето на Општина Бутел е официјалното знаме на оваа скопска општина. Знамето и грбот биле усвоени со усвојувањето на новиот статус по создавањето на општина Бутел како нова општина во Македонија на 22 април 2005.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Знамето на Општина Бутел има правоаголна форма. Знамето е составено од ве вертикални нееднакви ленти во жолта и црвена боја, каде жолтата боја е два пат помала од црвената. Боите се преземени од знамето на Македонија, традиционални бои на македонскиот народ. На самиот спој на лентите е поставен грбот на Општина Бутел. Грбот е всушност штит на кој има има приказ на сино небо со македонско сонце, под него планини, мост и зелена површина со златна флора.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]