Знаме на Општина Боговиње

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Знаме на Боговиње)

Знаме на Општина Боговиње
}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме
Сразмер 1:2
Опис Црвено знаме со општинскиот грб во средина.[1]

Знамето на Општина Боговиње е официјалното знаме на оваа општина кое било усвоено по новата територијална поделба на Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Знамето е составено од црвен правоаголник со сразмер од 1:2. Во средината на знамето се наоѓа општинскиот грб, кој всушност е штит на кој има приказ на Боговињска Река како извира од Боговињското Езеро и тече низ падините на Шар Планина. Под овој пејзаж се наоѓа годината на основање на општината, 1996. Понекогаш над пејзажот може да се сретне и името на општината на македонски и албански.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Знаме на Боговиње“. Посетено на 2011-08-05.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]