Змијозаба ајкула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Змијозабата ајкула

Змијозабата ајкула (Carcharias taurus)вид на ајкула. Позната е и како сива ајкула-негувател или песочна тигреста ајкула.

Оваа ајкула изгледа застрашувачки. Има тешка градба, а нејзините копјести, заби ѕиркаат дури и кога устата е затворена. Многу луѓе ги виделе овие ајкули во аквариум, а во заточение се прилично добри наспроти својот опасен изглед. Змијозабата ајкула е светлокафеава, има сплескан, чунест рострум, а по телото често е посипана со потемни дамки. Живее во плитки, крајбрежни води, особено на гребени и во нермани, карпести подрачја со ендеци и спили. Иако поголемиот дел од времето го поминува во близина на морско дно, може да крстосува низ води со средна длабочина така што желудникот ќе го наполни со воздух проголтан кога е на површината. Женките котат по две младенчиња одеднаш. Во секоја матка почнуваат да се развиваат многу ембриони, но најсилниот ембрион во секоја матка ги убива и ги изведува своите браќа, како и сите неоплодени јајца, пред да се окоти. Змијозабите ајкули секаде се ловат во спортски риболов, но и за храна.

Поврзано[уреди | уреди извор]