Змиорка
| Змиорка | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Змиорка |
| Вид: | Змиорка |
| Научен назив | |
| Змиорка (Берг, 1931) | |
| Синоними[2][3] | |
| |
Змиорка (Eudontomyzon mariae) — вид риба од семејството Petromyzontidae. Се среќава во соленкасти и слатководни области во Австрија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Грузија, Унгарија, Молдавија, Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Црна Гора, Словачка, Турција и Украина. Навлегла во сливот на реката Волга во 2001 година.[4]
Опис и распространетост
[уреди | уреди извор]Претставува слатководен облик на змијулка. Телото е најдебело некаде во првата половина од телото. Има 58 - 73 миомери. На јазичната плочка се наоѓаат 5-9 запчиња. Забите може да се тапи или остри. Возрасните единки имаат црн грб и светла долна страна на телото. Змиорката има долго змијолико тело, по што го добила името. На прв поглед личи на јагулата. Има 'рскавичен скелет. Телото е цилиндрично, а во опашниот дел (позади аналниот отвор) странично благо сплескано. Телото позади главата е благо здебелено. Во тој дел, од двете страни се наоѓаат по седум жабрени отвори, бележани како црни точки. Телото нема лушпи. Од горната страна е темнокафеаво до темносиво, што зависи од средината во која престојува. Страните се со посветла нијанса, а стомачниот дел е жолтеникаво бел, со неправилни пеги. Парни перки немаат. Имаат непарен обраб од единствена перка на задната половина на телото. Возрасните имаат кружна уста, сместена на дното од предусна инка, која им служи за прицврстување на телото на рибите. По ѕидовите на инката и јазикот се распоредени ситни запчиња. Нема вилици како другите риби. Има еден носен отвор. Змиорката е распространета во Средна и Северна Европа. Кај нас ги населува водите на Егејскиот Слив. Жител е и на река Сатеска. Во Охридското Езеро за прв пат е регистрирана од страна на рекреативни риболовци во 2000 година.[5]
Основни биолошки одлики
[уреди | уреди извор]Змиорката обично ги населува горните текови од реките и е стационарна. Животниот циклус и се состои од повеќе одделни стадиуми: ембрионален, ларвен, стадиум на метаморфоза, јувенилен период и адултна форма. Ларвите се разликуват од возрасните единки. Тие се слепи, очите им се покриени со кожа и немаат заби. Змиорката скоро целиот живот го поминува во облик на ларва, а само малку како адултен облик. Се мрести во март и април, при што исфрла 2000 до 7000 зрна икра. После мрестењето, во раздобје од 2 - 3 месеци, змиорките умираат, а ретко може да се случи еден мал број да го преживее мрестот. Ларвите живеат зариени во песокот и се хранат со алги и детритус. Ларвениот стадиум трае 4 до 6 години. Преобразбата (метаморфозата) на ларвите започнува на есен и трае 4 - 5 недели. По ова на јувенилните единки им е потребно време од 9-10 месеци за да ја достигнат половата зрелост. Возрасните примероци имаат дегенериран дигестивен тракт и не се хранат, па како адултни облици имаат кус живот. Веднаш по преобразбата се мрестат и потоа, во рок од неколку месеци умираат. Се мрестат во групи од по неколку стотини единки. Змиулката достигнува максимална дожина од 30 см. Живее на дното, скриена под камењата или некоја друга препрека во водата. Се храни со органски материи од животинско или растително потекло, цица телесни сокови од рибите залепена за нив, или храната ја бара на дното.[5]
Значење
[уреди | уреди извор]Нема никакво значење, ниту од стопански, ниту од аспект на рекреативен и спортски риболов.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Freyhof, J. (2024). „Eudontomyzon mariae“. Црвен список на загрозени видови. 2024. Занемарен непознатиот параметар
|article-number=(help);|access-date=бара|url=(help) - ↑ Van Der Laan, Richard; Eschmeyer, William N.; Fricke, Ronald (11 November 2014). „Family-group names of Recent fishes“. Zootaxa. 3882 (1): 1–230. doi:10.11646/zootaxa.3882.1.1. PMID 25543675.
- ↑ Froese, R.; Pauly, D. (2017). „Petromyzontidae“. FishBase version (02/2017). Посетено на 18 мај 2017.
- ↑ Лёвин Б. А. (2001). „Находка украинской миноги Eudontomyzon mariae (Petromyzontidae) в Волжском бассейне“. Вопросы ихтиологии. 41 (6): 849–850.
- 1 2 3 „РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗАРИБОЛОВНА ВОДА „ОХРИДСКО ЕЗЕРО И СЛИВ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО" ЗА ПЕРИОД 2023 - 2028“ (PDF). Влада на РМ. Посетено на 24 ноември 2025.