Змеј од Бросно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Змеј од Бросно
Brontoicon.jpg
Видкриптид
Подвид"Жив диносаурус", Криптозоолошки влекач, Езерско чудовиште
Подрачје Русија
Живеалиштеезеро Бросно

Змеј од Бросно (руски: Бросненский дракон, англиски: Brosno Dragon) e криптид кој наводно живее во езерото Бросно и во близина на Андреапољ во западна Русија во (Тверска област).

Други називи[уреди | уреди извор]

Овој криптид е познат уште како:

  • Бросња (Бросня),
  • Бросни (Бросни),
  • Бросненско чудовиште (Бросненское чудовище).

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе описи на овој криптид:

  • Опис во кој наликува на Тероподски диносаурус со долга опашка кој е многу добар пливач;
  • Опис во кој је наликува на изумрениот морски влекач од групата Плесиосауруси;[1]
  • Опис во кој наликува на морска змија;
  • Опис во кој наликува на змај со змијолико тело долго 4,87 метари, прекриено со рибји крлушки и има способност за создавање на биоалуминисцентн светло;

Во легенди[уреди | уреди извор]

Стари легенди зборуваат за суштество кое има огромна уста и ги голта рибарите, ги превртува и уништува чамците. Хроничари запишувале во книги за појава на мистериозни острови кои бргу исчезнувале во езерото. Според една легенда група Варјази (т.е. Викинзи) одлучила да го сокрие благото на еден од овие острови. Кога се приближиле до островот доцна сватиле дека тоа е всушност голем змеј кој ги проголтал и им го потопил бродот.

Една модерна легенда зборува дека за време на Втората светска војна чудовиште од оваа езеро срушило и изело германски авион.

Можни објаснувања за овој криптид[уреди | уреди извор]

Многу луѓе не веруваат во постоење на ова суштество и скептични се спрема тоа. Можно објаснување за овој криптид е дека се работи за видување на дабари, поголеми штуки или есетри додека пливаат во езерото, или дури групи на диви свињи, елени или лосови кои го препливуваат езерото. Феноменот на Змеј од Бросно може да се објасни со физички живеалишта: огромни рибји јата се одразуваат на површината на водата низ прекршување на светлината и произведуваат ефект кој потсетува на огромен влекач. Физичари зборуваат дека ваква илузија се појавува при топло време, што го потврдуваат и изјавите на свједоците кои кажуваат дека го видувале ова чудно суштество во летниот период. Меѓутоа, потеколто на гласините за ова чудно суштество останува мистерија.

За време на една експедиција од 2002 година екипажот на руски брод на сонар забележал голем масивен предмет, со големина на вагон, кој мирувал над дното на езерото. Членови на екипажот фрлиле подводна петарда со низок капацитет да истражат за што се работи. Петардата експлодирала и предметот од дното почнал да се издига кон површината. Се испоставило дека тоа било голем меур со плин кој се создал на дното на ова езеро[2].

Хронологија на средби со ова суштество и видувања[уреди | уреди извор]

Гласини за постоење на големо, чудно суштество кое живее во езерото Бросно постојат веќе неколку векови.

  • Змеј се споменува прв пат во записи во 13 век[3] за вриме на татарски и монголски освојувања на Русија. За време на походот на градот Велики Новгород, Бату-кан ја запрел својата војска крај езерото Бросно да се одморат. Додека ги напојувале коњите од водата искочило големо суштество кое урлало и почнло да ги голта коњите и војниците. Бату-кановата војска се исплашила и се повлекла од оваа подрачје, и градот Велики Новогорд бил спасен;
  • За време на 18 и 19 век се ширеле гласини за видување на големо суштество како плива по езерото и се нурнува во водата штом ќе примети луѓе во близина;
  • Од 1854 година доаѓа извештај за видување на свиетлечки змијолики суштества под површината на водата;
  • Во 1996 година новинска агенција Итар-Тас известила дека многу жители од околината на езерото Бросно се плашат од суштество кое локалниот печат[4] го нарекува Броснија, како е наведено во статијата која ја објавил Ројтерс Њуз Сервис (Reuters News Service). Истата година еден анонимен турист од Москева тврдел дека фотографирал чудно суштество во езерото, по што неговиот син истрчал испаничен од водата и вриштел дека видел "змеј";
  • Во 1997 година забележано е видување на необично животно како плива по површината на езерото;

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • В. А. Чернобров — Энциклопедия загадочных мест Земли (Encyclopaedia of the mysterious places on Earth)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]