Прејди на содржината

Змејот: Приказната за Брус Ли

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Змејот: Приказната за Брус Ли“ (англиски: Dragon: The Bruce Lee Story) – филм на режисерот Роб Коен од 1993 година. Главните улоги ги играат: Џејсон Скот Ли, Лорен Холи и Роберт Вагнер.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Филмот ги прикажува животот и кариерата на најголемата ѕвезда на филмовите со боречки вештини, Брус Ли. Уште во младоста, тој почнал да тренира боречки вештини, а потоа заминал во САД, каде отворил училиште. Истовремено, тој ја добил улогата на Кејт, соработникот на суперјунакот Зелениот Стршлен. Подоцна, станал славен глумец, но истовремено водел и поинакви борби...