Злоќудна хипертермија
Злоќудна хипертермија | |
---|---|
Специјалност | Ургентна медицина, Неврологија ![]() |
Честота | 0.0333333% |
Злоќудна хипертермија е ретка, живото-загрозувачка состојба која е предизвикана поради изложеност на некои лекови за општа анестезија, особено испарливите анестетици и невромускулниот блокирачки агенс суксаметониум хлорид. Кај суспектибилни поединци овие лекови индуцираат драстичен и неконтролиран пораст на оксидативниот метаболизам на скелетните мускули, што го надминува капацитетот на организмот за снабдување со кислород, отстранување на јаглерод диоксид, и регулирање на телесната температура, што може да доведе до циркулаторен колапс и смрт доколку не се третира брзо.
Кога ќе се развие состојба на злоќудна хипертермија, вообичаено се започнува со третман со дантролен натриум; дантроленот и прекин на инхалационата анестезија значително ја намалуваат смртноста од оваа состојба.
Третман
[уреди | уреди извор]Терапија од избор е интравенска администрација на дантролен, кој претставува единствениот достапен антидот, прекинување на внесот на тригер-агенсите, и супортивна терапија насочена кон корегирање на хипертермијата, ацидозата и органската дисфункција. Третманот треба да се иницира веднаш штом се јави клиничко сомневање за почеток на злоќудна хипертермија.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Halsall PJ, Hopkins PM; Hopkins (2003). „Malignant hyperthermia“. Continuing Education in Anaethesia, Critical Care and Pain. 3 (1): 5–9. doi:10.1093/bjacepd/mkg002. Архивирано од изворникот 2006-10-03.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |