Злато во Неапол (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Злато во Неапол (ит. L'Oro di Napoli) е италјански филм од 1954 година на режисерот Виторио Де Сика (ит. Vittorio De Sica). Филмот е сниман според истоимената збирка на раскази на Џузепе Марота (ит. Giuseppe Marotta), а на сценариото покрај режисерот и писателот работел и Чезаре Ѕаватини.

Филмот е во епизоди според расказите од книгата. Во секоја епизода звучни актерски имиња се носители на дејствието: Тото (во Силеџија), Едуардо Де Филипо (во Професорот), Софија Лорен (во Пици на кредит), Виторио Де Сика (во Играчите) и Силвана Мангано (во Тереза).

Содржина[уреди | уреди извор]

Силеџијата[уреди | уреди извор]

Веќе 10 години како еден силеџија се населил во куќата на еден сиромав (Тото) и му командува. Но, силеџијата дознава дека е болен...

Пици на кредит[уреди | уреди извор]

Софија (Софија Лорен) и нејзиниот сопруг Розарио (Џакомо Фурија) прават пици. Но, еден ден скапиот свршенички прстен кој Софија секогаш го носела на рака, исчезнува. Наверојатно паднал во тестото на пицата за ноќниот чувар или во пицата на вдовецот (Паоло Стопа). Но, вистинита е многу погорчлива.

Малиот погреб[уреди | уреди извор]

Најтажната епизода од филмот. Речиси без дијалози, раскажува за смртта на едно дете и за погребната поворка која го испраќа за последен пат.

Во верзијата наменета за комерцијални цели оваа епизода е исфрлена.

Играчите[уреди | уреди извор]

Еден благородник од Неапол (Виторио Де Сика), притиснат од богатата и грда сопруга и крајно осиромашен поради коцкарскиот порок, се обидува да извојува победа во долгите партии карти со синот на портирот, 8-годишно дете кое постојано го победува во табланет.


Тереза[уреди | уреди извор]

Тереза (Силвана Мангано) е проститутка. Непознат додворувач ѝ нуди брак. Непосредно по свадбената церемонија таа дознава дека нејзиниот сопруг ја оженил само за да добие прошка за серизна грешка. Што да направи? Да го задржи достоинството и да си замине или да отстапи пред ветените удобности?

Професорот[уреди | уреди извор]

Дон Ерсилио (Едуардо Де Филипо) продава мудрост. За неколку лири им дава одлучни совети на љубоморните свршеници, на уморните војници и на верниците кои му се обраќаат за помош. Но, проблемот на маалото е како да се спречи препотентниот благородник. Една свирка ќе реши сѐ.