Златна уличка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Златната уличка

Златна уличка (чешки: Zlatá ulička) – улица во Прашкиот замок, Чешка. Првично изграден во 16 век, за сместување на стражата на замокот на Рудолф II, името го добила од златарите кои живееле таму во 17 век.[1] Иако уличката некое време ја викале Алхемичарска уличка или Алхемичарска алеја, тука никогаш ниту живееле ниту работеле алхемичари.[1]

Златната уличка се состои од мали куќи, обоени во живи бои во 1950-тите.[1] Првично улицата имала куќи од двете страни, но едната страна била уништена во 19 век.[1] Денес уличката е дел од „малиот“ и „големиот“ прстен на замокот (т.е. мора да се плати надомест за да се влезе), додека по работното време на Прашкиот замок, влезот е слободен. Многу од куќите се продавници на сувенири, а тука е и средновековна оружарница во рамките на фортификацијата од 14 век, која е достапна од Златната уличка.

Куќата број 22 ѝ припаѓала на сестрата на писателот Франц Кафка, кој тука творел отприлика две години, 1916-1917.[1] Јарослав Сајферт, кој ја добил Нобеловата награда за литература во 1984 година и кој бил еден од потписниците на Повелба 77, тука живеел во 1929 година.[1][2]

Златната уличка е поврзана со кулата Далиборка, која служела како зандана.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Golden Lane, Prague“. A View on Cities. 
  2. „Prague Castle - The Golden Lane“. prague-castle.org/. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 50°05′32″ СГШ; 14°24′14″ ИГД / 50.0922° СГШ; 14.4039° ИГД / 50.0922; 14.4039