Жолна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Златна саријазма)
Жолна
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: ’Рбетници
Класа: Птици
Ред: Врапчарки
Семејство: Жолни
Род: Жолна
Вид: Жолна
Научен назив
Oriolus oriolus
(Linnaeus, 1758)
     Зима      Лето

Жолна или обична жолна, златка или вуга[2] (науч. Oriolus oriolus) — птица преселница, која на лето живее во Европа и западна Азија, а зиме живее во тропските краишта. Ја има и во Македонија.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Сариазмата е единствениот член на семејството птици-врапчарки наречена жолни кои живеат во умерените предели на северната полутопка.

Опис и поведение[уреди | уреди извор]

Жолната живее во високи листопадни дрвја во шумовити предели, овоштарници и паркови. Во Велика Британија живеат многу мал број на вакви птици, каде се гнездат во индустриски насади на црна топола.

Оваа птица гради уредно гнездо во чаталот на дрвото, и во него сместува 3-6 јајца. Се храни на инсекти и овошје кои ги наоѓа во крошните, каде впрочем златката проведува голем дел од времето.

Мажјаците се упадливи со типичното жолто-црно перје, но женките се еднолично зелени. Жолните се мошне повлечени птици, па дури и мажјаците се многу тешко забележливи во жолто-зеленото шаренило на крошните.

Летот им е налик на оној на дроздот, силен и насочен со извесни спустови при долги летови.

Жолната пее слично на сојка, но песната ѝ е помилозвучна и непогрешлива.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Oriolus oriolus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 мај 2006. Тука е објаснето зошто оваа птица е најмалку загрозена
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Жолни“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]