Златна копачка 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија

Матична статија: Златна копачка.

Чиро Имобиле, добитник на Златната копачка 2020.

Златна копачка 2020 е фудбалска награда доделена на играчот кој, за време на европската фудбалска сезона, го остварил најдобриот резултат пресметан со множење на бројот на постигнати голови на првенствените натпревари со коефициентот на тежина на самото првенство.

Наградата ја освоил Чиро Имобиле со 36 постигнати голови во Серија А, кои му донеле 72 бодови. За напаѓачот на Лацио ова била првата освоена златна копачка во кариерата, со што станал третиот италијанец кој ја освоил оваа награда по Лука Тони и Франческо Тоти.[1]

Конечен поредок[уреди | уреди извор]

Ова е поредокот во однос на првите десет позиции.[2].

Поз. Играч Првенство Екипа Гол К-УЕФА Бодови
1 Италија Чиро Имобиле Италија Серија А Лацио Лацио 36 x2 72
2 Полска Роберт Левандовски Германија Бундслига Бајерн Минхен Бајерн Минхен 34 x2 68
3 Португалија Кристијано Роналдо Италија Серија А Јувентус Јувентус 31 x2 62
4 Германија Тимо Вернер Германија Бундеслига РБ Лајпциг РБ Лајпциг 28 x2 56
5 Норвешка Ерлинг Халанд Германија Бундеслига Салцбург Салцбург
Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
29 (16+13) x1.5; (16 гола)
x2 (13 гола)
50
Аргентина Лионел Меси Шпанија Примера Дивисион Барселона Барселона 25 x2 50
7 Камерун Жан-Пјер Нсаме Швајцарија Суперлига на Швајцарија Јанг Бојс Јанг Бојс 32 x1.5 48
8 Белгија Ромелу Лукаку Италија Серија А Интер Интер 23 x2 46
Англија Џејми Варди Англија Премиер лига Лестер Сити Лестер Сити 23 x2 46
10 Израел Шон Вејсман Австрија Бундеслига Волфсбергер Волфсбергер 30 x1.5 45

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ora è ufficiale: Ciro Immobile vince la Scarpa d'Oro 2020“. 1 август 2020.
  2. „Classement du Soulier d'Or“. www.eurotopteams.com (француски). Архивирано од изворникот на 2017-11-28. Посетено на 2020-05-16.