Златна була од 1222

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златната була од 1222 година

Златната була од 1222 бил указ издаден од кралот Андрија II од Унгарија. Кралот Андрија II бил принуден од неговите благородници да го прифати документот Златната була (Аранибула), којшто бил еден од првите примери за уставните ограничувања кои се ставени под моќта на европскиот монарх. Златната була била издадена во 1222 година во собранието на Секешфехервар.[1] Законот ги утврдил правата на унгарското благородништво, вклучувајќи го и правото да не го послушаат кралот кога постапил спротивно на законот.Благородниците и црквите биле ослободени од сите даноци и не можеле да бидат принудени да одат во војна надвор од Унгарија и не беа обврзани да го финансираат.Ова исто така бил историски важен документ, бидејќи ги поставил принципите на еднаквост за сите племиња на нацијата. Биле создадени седум примероци на едикти, по една за секоја од следните институции: до папата, до витешкиот ред Темплари, до витешкиот дом, до унгарскиот крал, до архиепископите во Острогон, и Калоча и до палатинот.

Создавањето на повелбата бил под влијание на благородна средна класа, необична во феудалниот систем на нацијата.Како редовен гест на великодушност, кралот Андреа често донирал имот на особено верни службеници,кои потоа добија нова економска и класна моќ.Со менувањето на класниот систем и промената на економската состојба на нацијата, кралот Андреа бил принуден во декретот на Златната була од 1222 да ги релаксира тензиите меѓу наследниците и благородникот од средната класа.[2]

Златната була често се споредува со Големата повелба. Була била првиот уставен документ на унгарскиот народ, додека Големата повелба била првата уставна повелба на нацијата на Англија.[3]

Историска позадина[уреди | уреди извор]

Доделување на слободи[уреди | уреди извор]

Златната була која Андрија II Арпадович ја издал пролетта 1222 година е „една од многуте повелби објавени во 13 век за христијанството со кои се ограничувала кралската моќ“.[4] Петар II Арагонски во 1205 година планирал да направи отстапки.[5] Симон де Монфорт, врховниот командант на Катарската крстоносна војна, објавил статут во 1212 година, со кој се потврдувала привилегијата на свештенството и се ограничувал авторитетот на идните владетели на грофовствата Тулуза и Каркасон.[4][6] Статутот влијаел врз Големата повелба на Јован Безземниот, со што пак се осигурале слободите на Црквата и се регулирале феудалните односи во 1215 година.[6] Царот на Светото Римско Царство, Фридрих II, го засилил авторитетот на царските прелати во 1220 година.[5]

Контактот меѓу Унгарија и овие земји може да се види во тој период.[4] Арагонските благородници го заезел престолот на Унгарија на почетокот на 13 век.[4] Унгарците учесници во Петтата крстоносна војна можеле да се сретнат со Роберт Фицволтер и другите водачи на движењето што постигнало да се објави Големата повелба.[7] Двајца унгарски прелати го посетиле Кантербери во 1220 година.[4] Сепак, нема директна поврзаност меѓу текстот на Златната була и другите текстови кои доделуваат слободи од 13 век.[4]

Унгарското општество[уреди | уреди извор]

Во 12 и 13 век во Унгарија имало барем десетина различни општествени групи.[8] Слободните и кметовите биле двете основни категории, но постоеле и средно „полуслободни“ групи.[9][10] Слободните можеле слободно да ги бираат своите господари, но во пракса се барало да бидат лојални на своите господари.[9] Од друга страна, неслободните војници можеле да имаат голем имот, кој со закон бил заштитен од произволни дејствија на кралските власти.[11]

Највисоко рангираните кралски функционери биле назначувани од луѓето кои се сметале себеси за потомци на унгарските водичи од периодот на основање на кралството или на странски војници кои се населиле во Унгарија за време на следните векови.[9] Тие биле споменати како „благородници“ од крајот на 12 век,[12] но не формирале наследна елита.[9] Најпознатите семејства започнале да се именуваат себеси по своите предци во 1200-ти години, но нивните родословија често биле невистинити.[13] Унгарската хроника, која била завршена околу 1200 година, нагласува дека предците на многу благородници имале важна улога во унгарското освојување на Карпатскиот Басен.[14]

Првично, секој слободњак требало да служи во кралската војска.[11] Оние кои не биле во можност да ја исполнат оваа обврска, требало да плаќаат даноци во 12 век.[15] Поголемиот дел од војниците не биле слободни, но слободните можеле да служат кај водачите на кралскте замоци.[16] Тие го бранеле замокот и го придружувале монархот на неговите воени походи во замена за земја крај кралскиот имот околу замокот.[16] Слободните војници можеле да го задржат својот имот.[16] Највисоко рангираните воини започнале да се нарекуваат себеси „слободни“ или „воини на светото кралство“ за да ги го нагласат нивниот привилегиран статус.[16]

Илјадници странци, Словени, Германи, Италијанци и Валонци, дошле во Унгарија за да ги населат пределите кои не биле населени или за да работат во центрите на кралската администрација.[16] Ваквите „гости“ ја зачувувале својата лична слобода, дури и кога се населувале на имотот на аристократите или црковните лица.[16] Евреите во Унгарија можеле легално да се населат само во центрите на епархиите, но сепак ги имало и во други градови.[17] Најчесто биле трговци, кои се занимавале со трговија на големи далечини.[18] Муслиманите кои се населиле во Унгарија биле најчесто вработени во администрацијата на кралските приходи, но документирано е дека имало и муслимански војници.[18]

Трансформација[уреди | уреди извор]

Златниот печат според кој булата го носи името

Бела III, кој владеел од 1172 до 1196 година, бил еден од најбогатите европски владетели во тоа време, според извештајот за неговите приходи.[19] Тој заработувал од периодичната размена на монети, кралскиот монопол на сол и царинските давачки, но голем дел од неговите приходи доаѓале од кралскиот имот,[20] бидејќи поседувал повеќе од половина од земјата во кралството.[21] Тој барал секоја трансакција што се случува во негово присуство да биде забележана, што довело до развој на кралската канцеларија.[21][22] Приватните трансакции исто така биле често запишувани, и се чувале во манастири или при советот на епископот, познати како „места за автентикација“.[21]

Постариот син и наследник на Бела III, Емерик Унгарски, се соочил со серија на бунтови кои ги иницирал неговиот помлад брат, Андреј.[23] И кралот и неговиот брат, кој ги освоил Хрватска и Далмација, им давале големи пари на своите приврзаници за да ја обезбедат нивната лојалност.[24][14] Високите функционери го поддржувале Андреј против кралот, но Емерик го поразил својот брат.[25] Андреј го добил престолот по ненадејната смрт на синот на Емерик, Ладислав III, во 1205 година.[26]

Главните точки во Златната була[уреди | уреди извор]

Повеќе од третина од Златната була се однесуваат на жалбите на кралските слуги.[27] Кралот им ветил дека нема да бидат собирани даноци од нивните имоти.[27] Тој исто така ветил дека нема да ги присилува да го примат него или неговите функционери.[27] Кралските слуги кои немаат синови добиваат право слободно да решат кому ќе го остават својот имот во тестамент.[27] Кралските слуги биле исклучени од обврската да патуваат со кралот на воени експедиции во странство.[27]

  1. Ниту еден благородник не може да биде произволно уапсен, ниту може да биде угнетуван од желбата на било кој со поголема моќ.
  2. Благородниците се прогласени за ослободени од плаќање даноци, и нема да се собираат пари од нивните богатства. нема да бидат окупирани нивните резиденции, ниту нивните села, а може да бидат посетени само од некојшто е поканет. Нема да се наплатуваат никакви даноци за Црквата.
  3. Ако некој благородник умре без машки наследник, неговата ќерка ќе добие четвртина од она што тој го поседува; останатиот дел од неговиот имот ќе се даде на други, но ако поради смрт тие не можат да го преземат имотот, тогаш овој имот ќе припадне на најблиските живи роднини; ако и ова не е можно, тогаш ќе го добие кралот.
  4. Ако кралот посака да ја испрати војската надвор од кралството, благородниците нема да имаат обврска да заминат со него, доколку кралот не им плати. Сепак, ако војска од надвор го нападне кралството, сите мора да служат за да ја протераат.
  5. Унгарскиот палатин може да им суди на сите во кралството без разлика; но не може на благородниците без дозвола на кралот.
  6. Ако во кралството пристигнат странци, тие не смеат да добијат почести и јавни позиции без дозвола на кралскиот совет.
  7. Не се наследува јавно обвинување.
  8. Ниеден Евреин ниту Исмаилит не смее да има јавна позиција (работа). Благородници на комората, оние кои работат со пари, собирачите на даноци и патарини, може да бидат само унгарски благородници.
  9. Унгарски имоти не може да се дадат на странци.
  10. Никој, освен унгарските палатини, гувернерот на Хрватска и Славонија, кралот и кралицата, не може да има повеќе од една титула или чест.
  11. За да биде овој документ законски, и за да се применува во иднина, седум копии ќе бидат направени од него, секоја запечатена со златен печат. Првата копија ќе биде испратена на папата, втората на витезите на Свети Јован, третата на витезите темплари, четвртата на кралот, петтата на архиепископот во Острогон, шестата на архиепископот во Калоча и седмата на унгарскиот палатин, и на овој начин запишаното нема да може да се фалсификува или да збунува.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1222. április 24. | II. Истражувањето на Aranybullát Fehérváron - Магазин Rubicon Történelmi
  2. Molnar, 2001, стр. 32-33.
  3. Кормос, 2005 година
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Rady 2014, стр. 88.
  5. 5,0 5,1 Holt 1992, стр. 25.
  6. 6,0 6,1 Vincent 2012, стр. 62.
  7. Ronay 1978, стр. 77–80.
  8. Molnár 2001, стр. 32.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Kontler 1999, стр. 69.
  10. Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 274.
  11. 11,0 11,1 Rady 2000, стр. 20.
  12. Rady 2000, стр. 28.
  13. Rady 2000, стр. 23–24.
  14. 14,0 14,1 Blazovich 1999, стр. 185.
  15. Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 275.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 276.
  17. Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 255.
  18. 18,0 18,1 Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 256.
  19. Molnár 2001, стр. 46.
  20. Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 287.
  21. 21,0 21,1 21,2 Kontler 1999, стр. 70.
  22. Rady 2000, стр. 66.
  23. Berend, Urbańczyk & Wiszewski 2013, стр. 178.
  24. Makkai 1990, стр. 23.
  25. Zsoldos 2011, стр. 17.
  26. Kontler 1999, стр. 75.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 27,4 Blazovich 1999, стр. 189.